Home / природен лек / Сок од компири – чудесен лек: На листата што се лечи се и тешки болести

Сок од компири – чудесен лек: На листата што се лечи се и тешки болести

Благотворните својства на компирот одамна се познати во медицината, но и покрај тоа преовладува мислењето дека компирот не смее да се конзумира сиров. Тоа е заблуда затоа што „жив“ компирот е многу здрава и повеќекратна корисна намирница. Неговите придобивки за здравјето ги пренесува 365.ком.мк

10-Sweet-Potatoes-PancreasFoods-That-Look-Like-Body-Parts-1Лушпата на здрав и органски одгледан компир не содржи никакви отрови штетни по здравјето. Опасно е да се јаде недозреан компир со зелена или со наместа зелена лушпа и зелени делови.

Компирот против многу тешки болести

За лековитоста на сокот од компир зборуваат многу експерти кои сметаат дека тој е природно средство за лекување на гастритис, една од најстрашните болести на денешницата. Се препорачува да се зема по една лажица сок од компир разреден со малку вода, половина час пред појадокот, ручекот и вечерата.

Кај луѓе со чир на желудник се советува секојдневно да пијат половина децилитар сок од компир на празен стомак и потоа по половина децилитар половина час пред ручекот и вечерата.

kompir2

Сокот од компир го намалува шеќерот во крвта, а помага и во лекување на болести на белите дробови дури и кај потешки болести како емфизема.

Ефикасноста на компирот за сузбивање на ракот постојано се докажува и во научните истражувања. Професорот Кагамин од медицинскиот факултет во Акита, Јапонија, успеал од сиров компир да издвои супстанција која се покажала ефикасна во спречувањето на растот на туморските келии кај лабораториски глувци. Резултатите ги објавил на меѓународен конгрес на Лигата за борба против ракот одржан во Германија.

kompir11Во последно време компирот се повеќе добива на важност како ефикасно средство во борбата против болести на црниот дроб и бубрезите, но и кај срцевите заболувања, висок притисок, дијабетес, ламбаго, ревматски болести… Независно од позитивните влијанија во третманот кај тешките болести, пиењето сок од сиров компир е одлично средство за зајакнување на имунитетот. Помага и кај честите главоболки и менструални болки.

Ако се чувствувате слабо или исцрпено наутро и навечер испијте сок направен од еден компир со средна големина, еден морков и јаболко и во рок од две недели повторно ќе бидете во форма.

Благодети на сокот од компир:

– го зајакнува имунитетот
– го чисти организмот од отрови
– ја негува проблематичната кожа
– се користи како дел од терапија против рак
– помага кај гастритисот и други тегоби во желудникот
– го намалува шеќерот во крвта
– помага кај болести на црниот дроб и бубрезите
– штити од кардиоваскуларни заболувања

Подготовка на сокот:

Добро измијте го компирот и отстранете ги од него сите зелени делови од кората и добро исчистете го. Потоа изрендајте го, ставете го во ленена крпа и исцедете сок. Тука може да искористите и соковник. Сокот секогаш пијте го свежо направен, а поради поубав вкус може да го измешате со овошје и зеленчук по избор, на пример јаболко или морков, сок од лимон или мед.

365.com.mk

One comment

  1. Edno prasanje, kolku vreme treba da se konzumira, pa da se pravi pauza i pak da se pocne?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top