Free songs
Home / Болести и лечење / Како да препознаете дали имате недостаток од некој важен витамин во телото?

Како да препознаете дали имате недостаток од некој важен витамин во телото?

На пролет честопати се случува на телото да му недостасува некој важен витамин, без којшто телото не може да функционира. Еве како да препознаете дали и вие имате ваков проблем.

Кога малаксаноста е доминирачки симптом, недостигот на витамини е можно брзо да се излечи со помош на препарати кои содржат минерали, витамини и железо, но во секој случај се советува збогатена исхрана со обилни порции овошје и зеленчук пет пати дневно.

vitaminite-300x199Кога ќе се појават други симптоми како сува коса, сува кожа која се лупи, кршливи нокти, тогаш веројатно има недостиг на витамин Д3. Неговиот недостиг предизвикува воспалителни ревматски болести, а кај жените остеопороза.

Кај недостигот на витамини Ц и А, инфекциите се почести, а кога ни недостасува витамин Б, особено Б12, можеме да почувствуваме трпнење во рацете и во нозете.

Свежото овошје и зеленчук, побрзо лекува од таблети, при тоа не се советува претерана употреба на шумливи таблети, бидејќи претераното земање може доведе до создавање каменчиња во организмот. Најмногу витамин Ц има во свежата пиперка, кељ и брокули, а од овошјето во портокалот.

Недостигот на витамин Б исто така често се јавува, а за да го избегнете, консумирајте пилешко, говедско и свинско месо, туна, интегрални производи, ореви, компири, грав, млечни производи, печурки и соја.

Знаци на телото при недостиг на витамини:

Витамин Д – Сува коса, сува кожа која се лупи, кршливи нокти.

Витамини Ц и А – Чести инфекции.

Витамин Б, особено Б12 – Трпнење во рацете и во нозете.

Витамин Е – Намалени црвени крвни зрнца.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top