Home / природен лек / Сок од бреза за подмладување

Сок од бреза за подмладување

Старите Словени брезата ја сметале за свето дрво. Тие верувале дека поседува способности да ги истерува лошите духови, па поради тоа колевките за своите деца ги правеле од брезино дрво.

Брезовиот сок е богат со шеќери, па со негово готвење се добива вино. Сокот и виното се одличен лек за атеросклероза како и за лекување дебелина.

breza-500Сокот треба да го пијат лица со кожни проблеми и инфекции на уринарниот тракт. Се пие трипати дневно по 100 мл. Децата треба да земаат половина од дозата.

Сокот од бреза се собира од возрасни дрва, рано напролет пред да се развијат пупките на изданоците. Се буши мало дупче со пречник околу 1 см, и исто толкава длабочина, на висина од 1 метар над земјата. Се поставува дрвена инка или некоја цевка (да не е метал), и се прицврстува стаклено шише или друг соодветен сад(емајлиран, дрвен) за собирање на течноста.

Од едно стебло се собира околу 4-5 литри дневно.

Сокот треба да се чува во фрижидер, но не смее да се замрзнува! Кога ќе се заврши со собирањето на сокот, дупчето треба да се затвори со дрвен клин, а надворешно да се покрие со кал или глина. Истото дрво не смее да се буши многу често, затоа што ќе се намали неговата отпорност на габични инфекции.

Свежиот сок од бреза претставува природен регулатор при бубрежни заболувања, алергија, костоболки, ревматизам, за закрепнување од болести и за подмладување.

Kurir

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top