Микробиолошките испитувања покажаа дека сокот од боровинки може да биде корисен за лицата што страдаат од чести уринарни инфекции. Во истражувањето учествуваа 150 жени поделени во три групи.
Првата група пиела 50мл. сок од боровинки дневно,втората група пиела 100мл. раствор од лактобацилис, кој е добар за болестите на дигестивниот тракт за што ова бактерија го спречува развојот на патогените микроорганизми
Треатата група била котролна. По 6 месеци ваков режим, во првата група имало само 8 жени кои имале по една епизода на инфекцијата, што сочинува 16%, додека во контролната група тој процент изнесува 36%,колку што е регистрирано и во втората група.
Стручњаците засега не се во можност да објаснат на кој начин боровинките дејствуваат врз инфекциите на мочните патишта, но претпоставуваат дека високото ниво на проантоцијанидинот (вид танин) го спречува развојот на ешерихија коли која е најчест предизвикувач на оваа болест
Затоа на сите што страдаат од уринарни инфекции им се препорачува сок од боровинка.