Home / природен лек / Сок од алое вера – најдобар пијалок за имунитет

Сок од алое вера – најдобар пијалок за имунитет

Сокот од алое вера, кој е богат со хранливи материи, им е најинтересен на нутриционистите. Освен што и помага на кожата, тој го зајакнува имунитетот и го чисти организмот.

Овој сок успешно го намалува нивото на холестерол во крвта, помага при губење на вишокот килограми и го подобрува метаболизмот.

aloeРастението алое вера содржи ензими кои се одлични за отстранување на токсините од телото. Тоа содржи бројни витамини, меѓу кои А, Ц, Е, фолна киселина, Б1, Б2, Б3, Б6 и е едно од малкуте растенија кои го содржат витаминот Б12, кој помага во работата на мозокот и нервниот систем.

Од минералите изобилува со калциум, магнезиум, цинк, хром, селен, натриум, железо и калиум. Богата е со аминокиселини и масни киселини.

Британската нутриционистка Маделајн Шо изјави дека „алое верата е одлична и доколку се чувствува каква било субјективна непријатност. Ги смирува внатрешните органи и помага при намалување на надуеност“.

Сокот од ова растение се користи и за ублажување на изгореници и псоријаза, а неговата ефикасност е многу поголема доколку се внесува во организмот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top