Луѓето кои имаат 75 килограми треба да земаат шест грама од овој прав. Слична доза од 4.8 грама прав од смрзнат сок се користела во склоп на неодамнешната студија. Имено, три месеци правот им го давале на заболените од метаболички синдром. Лекот делувал и сите пациенти воглавно добро го поднеле.
Последните резултати од проучувањето на горките дињи на Универзитетот во Колорадо се повеќе од охрабрувачки. Оваа билка, која на Истокот е позната и користена во исхраната со векови, може да помогне во лекувањето на ракот.
Новата студија покажала дека сокот од горки дињи значително го намалува растот на туморот на панкреас кај глувците врз кои е вршено испитувањето, бидејќи го попречува метаболизмот на глукозата во клетките на ракот, па автоматски ги изгладнува и ги остава без шеќери, „гориво“ без кое тие не можат да преживеат.
Бројните здравствени користи поврзани со конзумирањето на горката диња се веќе познати. Оваа билка се одгледува и се јаде ширум југоисточна Азија, Африка, Јапонија, Кина, Океанија, па дури и на Карибите. Особено е популарна кај Јапонците на Окинава, кои се познати по долговечноста.
Иако се јаде веќе со векови, големиот број здравствени предности (антивирусно сејствување, антиоксиданс, спречува дијабетес) во западната медицина станаа познати неодамна.
Антиканцерогеното делување е видливо и кај ракот на дојката, простатата, дебелото црево, црниот дроб, желудникот, одредени тумори, како и кај леукемијата. Најновата студија покажала дека горката диња делува цитотоксично и врз ракот на панкреасот.
Истражувачите од Универзитетот на Колорадо ги купиле овие дињи на локалниот пазар, ја отстраниле лушпата и семките и со помош на домашен соковник направиле сок. Добиениот сок е користен при тестирањето на два начини: директно на клетките, или пак замрзнат па сомелен во прав, кој подоцна е употребуван како храна за глувците.
Свежо исцедениот сок разреден со само 5 отсто вода делувал силно на намалување на клетките на карциномот на панкреасот. Имено, по 72 часа тестирање AsPC-1 и Capan-2 клетките на тумор се намалиле за 90 отсто, а BxPC-3 и MiaPaCa-2 за дури 98 отсто.
Сокот предизвикал програмирана смрт на клетките со рак.
Откако глувците во експериментот биле хранети со правот од горката диња, дошло до 64 процентно намалување на клетките на ракот. Дејството е слично и кај хемотерапијата која се применува во процесот на лекувањето на ракот на панкреасот, но во овој случај без видливи нуспојави кои го проследуваат третманот на хемотерапијата.
Тоа би значело дека луѓето кои имаат 75 килограми треба да земаат шест грама од овој прав. Слична доза од 4.8 грама прав од смрзнат сок се користела во склоп на неодамнешната студија. Имено, три месеци правот им го давале на заболените од метаболички синдром. Лекот делувал и сите пациенти воглавно добро го поднеле.