Пред еден месец 14-годишно девојче од Велика Британија, која умре од канцер доби можност да биде криогено замрзната.
-Имам 14 години и не сакам да умрам, но знам дека ќе умрам. Сметам дека криогеното замрзнување ќе ми даде прилика да се излекувам кога ќе се разбудам, без разлика дека тоа може да биде и за неколку Стотици години, стои во писмото од девојчето до судијата.
Прашањето кое го отвори овој случај е следното, колкава ќе биде шансата луѓето да измислат технологија кој еден ден ќе овозможи враќање на луѓето од мртвите?
Александра Столцинг професор по регенеративна медицина на Универзитетот во Лафбору даде детален увид во овој проблем во едно интервју.
Столцинг во интервјуто наведува дека природата веќе му покажала на човекот дека е возможно криоконзервирање на животните, како рептилите, црвите и инсектите. Меѓутоа било какво замрзнување, кога станува збор за човечкиот организам ќе предизвика значително оштетување на ткивото. Научниците се уште не го разбираат најдобро овие оштетувања на ќелиите, но до некаде може да имаат контрола над нив.
Многу жртви на давење кои се вратени во живот преживеале благодарејќи на забавените биолошки процеси кои ги предизвикала студената вода, слична постапка се применува и во хирургијата.