Нов вид на крвен тест би можел да им помогне на лекарите да ги разликуваат лажните од вистинските контракции и да утврдат дали ќе дојде до предвремено породување.
Околу 5 проценти од жените имаат знаци дека би можеле да родат во рок од десетина дена, но досега немаше начин да се препознаат вистинските од лажните контракции. Студија направена во Австралија покажува дека во 70 проценти од случаите тестот го предвидува прераното породување.
Научниците истакнуваат дека прераното породување е главна причина за смртност во западните земји.
Досега вакви испитувања се правеа преку вагинални брисеви, меѓутоа тоа се покажало како недоволно веродостојно.