Експерименти на американски научници од Универзитетот Пенсилванија укажуваат на можноста на користење матични клетки во третирање на ќелавоста, пренесува Плус Инфо.
Според научното списание „Nature Communications“, тестирањата спроведени врз глувци покажуваат дека со помош на матични клетки е можно да се регенерираат фоликулите клучни за повторен раст на косата.
Истражувачите додаваат дека клучно било да се реши проблемот на производство на доволни колични матични клетки способни за трансформирање на фоликулите.
Според нив, постигнатиот напредок во користење на матични клетки ќе најде своја примена и во развојот на нови постапки за зацелување рани и во некои козметички постапки.
Во новата студија користени се индуцирани плурипотентни матични клетки – „репрограмирани“ возрасни матични клетки кои имаат многу карактеристики на ембрионални матични клетки.
Научниците напоменуваат дека следува тестирање на новите методи врз луѓето.