Опасноста лежи во влакната што растат во носот, кои стануваат се подолги со текот на годините, па затоа ги отстрануваме или сечеме од естетски причини.
Меѓутоа, оториноларингологот д-р Ерих Војт, вели дека кубењето на влакната или нивното скратување може да доведе до инфекција, поради која може да доведе и до смрт.
Воздухот што го дишеме се филтрира преку влакната во носот. Околу коренот на влакното живеат микроогранизми, кои може да допрат до крвните садови и така предизвикуваат инфекција ако ги искубеме влакната.
Со оглед на тоа што крвните садови водат и до мозокот, таквите инфекции може да доведат и до смрт.