Home / природен лек / Слабокрвни сте – природни лекови кои делуваат

Слабокрвни сте – природни лекови кои делуваат

Слабокрвноста или анемијата може да се лекува со препарати кои се збогатени со железо. Лекувањето на анемијата трае подолг период, дури и до шест месеци, а важно е да се напомене дека оваа болест не се лечи со витамински препарати со додаток на железо бидејќи тие не содржат доволна количина железо за лекување на болести.

anemija_simptomiИсто така, за време на лекувањето на анемијата, важно е да не се внесуваат преголеми количини железо во организмот.

Важна улога во лекување на слабокрвноста има исхраната, при што важно е да се внесува храна богата со железо, како грав, леќа, говедско месо, јајца, морски плодови, суви смокви, какао…

Употребата на намирници со доста витамин Ц ја поттикнува апсорпцијата на железо, така што добро е со оброкот да се испие чаша цеден портокал, или да се дополнува исхраната со витамин Ц (до два грама дневно).

Веќе споменавме дека најзагрозени се жените на возраст од 15 до 50 години, односно во време на репродуктивниот период. На жените на таа возраст им е потребно 15 мг железо, на доилките 20 мг, а на трудниците дури 25 мг. За време на циклусот жената може да изгуби и до 13,5 мг железо на ден, а некои студии покажуваат дека секоја петта жена поради силни месечни циклуси има анемија.

Потребите за железо се зголемуваат и во текот на растот и развојот, и во адолесценцијата.

Железото се апсорбира во дванаесетпалачното црево и во почетниот дел на тенкото црево, па во посебна ризична група спаѓаат лицата кои имаат проблеми, или болест на желудникот и цревата.

###

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top