Многу луѓе не се свесни за факторите на ризик за болести на срцето. Додека третина се плашат од деменција или рак, само два проценти од испитаниците изјавиле дека ги плашат болестите на срцето, покажува ново истражување.
Коронарните болести на срцето предизвикуваат околу 74.000 смртни случаи во Велика Британија секоја година. И покрај тоа што во голема мерка може да се спречат трагичните последици, болестите на срцето се најраширениот убиец, вели доктор Мајк Кнаптон од British Heart Foundation за БиБиСи.
Ризикот од заболување го чинат пушењето, високиот холестерол, високиот крвен притисок и дијабетесот.
Совети за спречување на болестите на срцето:
– Престанете да пушите
– Редовни лекарски прегледи, посебно по 40-тата година
– Одржување на здрава телесна тежина
– Физички вежби
– Намалете ја консумацијата на сол
– Консумирање овошје и зеленчук
– Намалете го внесот на заситени масти
ПЗУ ПОЛИКЛИНИКА
ФИЛИП ВТОРИ СТРУМИЦА
Ул. “Гоце Делчев” бр. 6
Тел: 034/320-302
E-маил: [email protected]
Web: www.filipvtori.com