Состојки
- 3гранки рузмарин
- 3 лимони
- 250гр шеќер
- 1л вода
Подготовка
Лимонот се мие и се потопува во вода во која има 1 лажица сол и 1лажица сода бикарбона.
Така одстојува 24 часа, а потоа убаво се мие.
Во 1 литар вода се ставаат лимоните исечени на парчиња и рузмаринот и сето тоа се става на варење.
Врие додека течноста не испари на пола, а потоа се цеди убаво низ газа. Од како ќе се исцеди на течноста се додава шеќерот и се става само да зоврие колку да се стопи шеќерот, па се трга настрана да се олади и се собира во стаклени теглички.
Овој сируп помага при искашлување и го подига имунитетот.