Home / Болести и лечење / Синдромот “немирни нозе” го влошува сексуалниот живот и води кон депресија

Синдромот “немирни нозе” го влошува сексуалниот живот и води кон депресија

Мрдањето и грчењето на нозете се најчести кај луѓето постари од 50 години и трудниците, а виновник е недостигот на железо. Синдромот немирни нозе предизвикува и еректилна дисфункција.

nemirne_noge_241013Секој десетти човек пати од синдромот “немирни нозе”, посебно лицата постари од 50 години. Симптомите најчесто се појавуваат во вечерните часови, а можат да траат од 20 до 40 секунди. Еден од можните предизвикувачи е недостатокот на железо кое му е потребно на мозокот за да ги контролира движењата. Токму поради тоа се јавува често кај жените, посебно за време на бременоста, кога нивото на овој минерал опаѓа, пишува The Huffingot Post.

Покрај недостатокот на железо, мрдањето на нозете може да биде предизвикано од недостаток на магнезиум, проширени вени, дијабетис, па и Паркинсонова болест. Кај децата овој синдром се појавува најчесто преку ден.

Опасен за мажите, предизвикува еректилна дисфункицја

Мажите кои имаат проблем со синдромот немирни нозе често патат од еректилна дисфункција. Ризикот од импотенција кај нив е речиси 50 проценти поголем, потврдиле научниците од Харвард. Оние кои просечно имаат по 14 или повеќе напади во месецот, имаат 68 проценти поголеми шанси да патат од еректилна дисфункција од останатите луѓе, пишува WebMD.

Како да се заштитите?

Топлата вода може да ги релаксира мускулите, а исто така помага и масажа на стапалата. Умерено вежбање преку ден исто така може да го ублажи овој симптом. Лекарите предупредуваат дека цигарите, алкохолот и кофеинот ги влошуваат симптомите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top