Home / Болести и лечење / Симтоми за рак на пенисот

Симтоми за рак на пенисот

Бројот на мажи со рак на пенисот е драстично зголемен. Како што покажуваат истражувањата, денес во светот има дури 30% повеќе мажи со ова заболување, отколку што имало пред десетина години. Со оглед на тоа што ракот на пенисот претставува релативо ретка болест, уролозите, често не успеваат да го дијагностицираат на време, туку на почетокот мислат дека нивниот пациент има некоја сексуално пренослива болест.

penisТуморот најчесто се јавува на кожичката која го прекрива пенисот и на главичката, а ризикот од рак е поголем ако мажот пуши, затоа што хемикалиите од цигарите предизвикуваат иритација на слузокожата и ширење инфекција.

Ако имате било кои од споменативе симптоми, задолжително посетете уролог. Може во прашање е нешто сосема безопасно, и ќе помине само од себе, но сепак не ризикувајте.

Ова се клучните симптоми за рак на пенисот:

● Израсток на пенисот кој никако не поминува
● Крварење
● Црвен осип под кожичката
● Кафеави плочести израстоци
● Отежнато повлекување на кожичката
● Исцедок со непријатен мирис
● Необични промени во бојата на кожата на пенисот
● Отечени лимфни јазли во предел на препоните

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top