Витамините и минералите кои ги земаме со храната се многу важни за правилно функционирање на телото и негово учество во сите биохемиски процеси.
Брзото темпо на модерниот живот, често и не остава доволно време за правилна исхрана што доведува до замор, недостаток на енергија, а понекогаш и до појава на болести и други здравствени нарушувања. Затоа, понекогаш е неопходно исхрана со витамински додатоци.
Меѓутоа, кога земате витамини, потребна е претпазливост. Прекумерна употреба може да ја наруши природната рамнотежа на хранливите состојки, некои витамини (А, Д, Е и К) можат да бидат токсични. Сепак, повеќето од нив се растворливи во вода и телото ги излачува во урината.
Британските научници дури објавиле предупредување во кое истакнале дека редовно конзумирање на некои витамински додатоци може да предизвика некои здравствени проблеми.
Во секој случај, најдобро, пред конзумирање на витамински додатоци, консултирајте се со лекар или фармацевт кој врз основа на вашите лични потреби и навики за јадење ќе утврди кои витамини и во кои дози се најдобри за вас.
Симптоми од недостаток на витамини :
Замор
Недостаток: Железо
Други симптоми: слаба концентрација, слаб апетит, лоша кожа, темни кругови
Добри извори: црвено месо, јајца, зелен зеленчук, витаминот Ц помага во апсорпцијата и се препорачува со еден оброк да се пие сок од лимон или портокал.
Чувствителна кожа
Недостаток: Цинк
Други симптоми: бавно заздравување на раните, бели дамки на ноктите
Добри извори: ореви, семки, сардини и црвено месо.
Проблеми со варењето на храната
Недостаток на Витамин Б3
Други симптоми: слабост на мускулите, губење на апетит и различни проблеми со кожата.
Добар извор: посно месо, риба и ореви.
Грчеви во нозете и рацете
Недостаток на витамин Б6
Други симптоми: воспаление на кожата, раздразливост, несоница.
Добри извори: кафеав ориз, авокадо, банани и пченка.
Губење на косата
Недостаток на витамин Б9
Други симптоми: губење на апетит, бледило и замор.
Добри извори: авокадо, јајца, риба, целер и цвекло.
Пецкање во рацете и нозете
Недостаток на витамин Б12
Други симптоми: губење на тежината и болки во грбот
Добри извори: месо, млечни производи, јајца и риба.
Болен јазик
Недостаток на витамин Б12
Други симптоми: сувост на кожата околу устата, рани во аглите на устата и носот
Добар извор: млеко, јајца, ориз и риба.
Болка во грбот и нозете
Недостаток на витамин Д
Други симптоми: болка во колковите, тешкотии во движењето, замор и зголемено потење.
Добри извори: сончање на отворено.
Немир
Недостаток: Магнезиум
Други симптоми: иритираност и нервоза
Добри извори: спанаќ, бадеми.
Рани на устата
Недостаток на витамин А
Други симптоми: чести настинки, првут, дехидрирана кожа, тенденцијата за појавување на акни.
Добар извор: јајца, сирење и јогурт.
Конфузија
Недостатокот на витамин Б1
Други симптоми: гадење и чести промени на расположението
Добри извори: ориз, грав.
Вртоглавица
Недостаток: Железо
Други симптоми: вознемиреност, забрзано срце-биење и слаба концентрација.
Добри извори: црвено месо, пилешко, темно зелен зеленчук и суво овошје.
Недостаток на енергија
Недостаток: Магнезиум
Други симптоми: гадење, забавеност, слабост и дезориентација.
Добри извори: риба, зелен зеленчук, минерална вода, ореви.
themen.mk