Home / сведоштва / Што појадува директорот на „Гугл“ кој планира да живее вечно

Што појадува директорот на „Гугл“ кој планира да живее вечно

Реј Курцвајл (68), изумител, футуролог и директор на инжениеринг во „Гугл“, но покрај работата поврзана со компјутерите и технологијата, тој работи и на продолжувањето на животниот век.

gugl(7)Овој шеесетгодишен футуролог изјавил дека сака да „го продолжи животниот век на луѓето на неодредено“.

Во 2009 година ја објави книгата „Девет чекори за добар живот засекогаш“, а неодамна весникот „Фајненшел тајмс“ го повика на појадок за да дознаат што Курцвајл јаде секое утро.

Неговиот појадок се состои од следните производи:

Црна чоколада, за која истакнал дека има противвоспалително дејство, со зрнесто овошје коеѓто е богато со антиоксиданти.
Лосос, кој е богат со масни киселини и докажано помага во заштита на мозокот и ги намалува воспаленијата.

Еве што нема да видите на трпезата на Курцвајл:

Избегнува месо, а наместо месо јаде риба. Исто така, Курцвајл го ограничува внесот на шеќер и користи незасладено млеко од соја и стевија.

Меѓутоа, постои уште еден дел од неговиот режим „против стареење“.

Курцвајл вели дека порано консумирал 250 таблети дневно, но дека сега ги намалил на 100. Тој зема со појадокот 30 суплементи за се – од здравјето на срцето, мозокот па дури и за сексуалното здравје.

Курцвајл пред три години претстави систем кој, како што тврди тој, ќе му овозможи да „живее вечно“. Попрецизно, сака да живее до моментот кога биотехнолошката револуција ќе му овозможи вечен живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top