Home / аларм / Што може да ви се случи ако се намачкате со стар крем за сончање?

Што може да ви се случи ако се намачкате со стар крем за сончање?

Размислувањата од типот „Имам крем од минатата година, греота е да се фрли” или „Што ако рокот е само малку истечен”, можат да ве чинат здравје, предупредуваат дерматолозите.

suncream-zИако рокот на траење кој стои на амбалажата е три години, дерматолозите предупредуваат дека овој рок се однесува само на неотворените амбалажи. Исто така, на повеќето пакувања е посочено дека кремата е добра за користење само една година од отворањето, но само доколку кремот се чувал во соодветните услови.

  • Ако кремата е стара, SPF етикетата на пакувањето ја губи секоја смисла, односно мачкањето со таа крема нема да ви обезбеди заштита од сонцето. Како резултат на тоа ќе добиете изгореници, а најголемата опасност е ризикот од меланом.
  • За разлика од оние во прав или камените, козметичките препарати во течна состојба се особено опасни ако им истекол рокот, затоа што во нив полесно се созсдаваат бактерии и габи. Како резултат на користењето на овие креми, можни се ралични видови на иритација и осип на кожата.
  • Во исклучителни случаи, старата крема за заштита од сонце може да предизвика тн. труење преку апсорпција. Како резултат на ова може да се јават отечени жлезди во одредени региони.
  • Ако бајатата крема ја мачкате на лицето, може да имате проблем со гнојни акни.
  • Како и старите креми за лице, така и оние за заштита од сонцето никако не смеете да ги мачкате во пределот околу очите, бидејќи можат да предизвикаат воспаление на окото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top