Home / сведоштва / Што е здраво да се јаде – Жан Митрев: Вечерата ми е прв оброк

Што е здраво да се јаде – Жан Митрев: Вечерата ми е прв оброк

Наместо т.н. здрав и скап лосос, јадете ослиќ, а од месо, најздраво е зајачкото. Наместо домати во зима и сланина во лето, вратете и се на традицијата и јадете сезонски продукти како што јаделе нашите претци. Тоа е формулата за здрава исхрана наместо бесполезните и штетни диети, вели академик д-р Жан Митрев во интервјуто за порталот Арт кујна.

zan mitrevВо една пригода рековте дека воопшто не јадете се додека не завршите со операциите. Вашиот прв оброк ми се чини рековте тогаш, е дури вечерата. Дали се уште функционирате на тој начин, како изгледа Вашето дневно мени?

– Така функционирам одамна. Тоа е мој начин на живот и преку неделата главно работниот ден ми е таков. Наутро станувам и наместо кафе или чај, гледам да испијам барем еден литар вода затоа што за време на спиењето организмот губи минимум пола литар течност па најбитно е да се внесе вода. Кафето и чајот се јаки диуретици и уште толку ја потенцираат дехидрацијата на организмот. Заради континуирана релативна дехидратација и уште некој дополнителен услов, како што е долготрајно седење, долго патување и слично, може да дојде до поголеми здравствени проблеми, како тромбоза во вени, пулмонална емболија или мозочен удар или дури инфаркт. Има луѓе кои практично не пијат вода, a таа е најдобриот и најефикасен начин да го почнете денот и доколку пробате ќе видите дека така ќе бидете и најсвежи.

zan mitrev1 (Small)Првиот оброк ми е кога ќе завршам со операциите, а тоа е некаде околу 7-8 навечер и главно е преку неделата јадење без месо, некое обично јадење како спанаќ, турлитава, сарма, полнета пиперка, не мора со месо, туку со ориз, со ореви, а и ако е со месо, тогаш е тоа минимална количина месо. Омилена ми е рибјата чорба со ослиќ, која е една од можеби посигурните риби кои се ловат во Атлантскиот Океан, кои се длабоко замрзнати и се добри за јадење иако многу луѓе мислат дека не се. Има некои работи кои се обични и не мора да се скапи и недостапни за да бидат здрави. Преку викенд си дозволувам да се опуштам па знам да се напијам и една, најмногу две чаши вино, нешто што не доаѓа предвид за време на работната недела. Си дозволувам и некои други нешта кои преку недела не ги консумирам. На пример, ако одам дома, во Штип, посетата не поминува без пастрмајлија. Благо никогаш не сум сакал и баш ме интересира какви ќе бидат моите резултати од генетското испитување кое го правам деновиве иако сметам дека најчесто ние интуитивно чувствуваме и сме многу блиску до генетското. Едвај чекам да видам дали тоа ќе се потврди во мојот случај.

Инаку, овој начин на живот сум го изградил и сум се навикнал на него, но и ми одговара. Имам напорен работен ден и сум испробал и сум видел дека било какво отстапување од овој мој режим не ми одговара и не се чувствувам добро.

Прочитајте го целото интервју и погледнете го видеото со неговиот рецепт за рижото со тиква и сланина тука.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top