Отекувања, односно едеми, се создаваат бидејќи се насобрала течност во ткивото, а целиот процес е последица на отежнувањето на крвотокот и на лимфите. Ова почесто се случува во лето, а можеби веќе сте го искусиле. Под влијание на сонцето и на горештините се шират крвните садови и капиларите.
Еве што треба да направите ако ве мачат отечени стапала и нозе:
Намалете го внесувањето сол – солта придонесува за задржување на течноста.
Подигнете ги нозете додека седите – ако лежите на грб, подигнете ги нозете на некоја цврста подлога и останете во таа положба барем десет минути. Повторете го ова три пати во денот.
Редовно вежбајте – тренингот ја поправа циркулацијата.
Намалете го вишокот килограми – прекумерната тежина ја забавува циркулацијата на телесните течности и додава притисок на вените.
Одбегнувајте долго седење – на секои два часа станете и прошетајте малку.
Внимавајте на лековите – консултирајте се со лекар за терапијата што ја користите. Одредени лекови може да придонесат за отекување.
Во краен случај – посетете лекар ако отокот не се намалува или ако надуеноста почне да ја оштетува кожата.