Шипката е богата со витамин Ц, витамин А, калциум и железо.
Витаминот Ц е посебно важен во текот на есенскиот и зимскиот период бидејќи ги олеснува респираторните инфекции и превентивно делува против астмата.
Шипката исто така содржи биофлавоноиди, пектин, витамин Е, витамин Б-комплекс, селен, манган, како и мала количина на магнезиум и калиум.
Поради големиот број на витамини и минерали шипката помага и во зајакнување на имунитетот.
Благодарение на големата количина на антиоксиданси, шипката може да помогне и во намалување на нивото на холестерол и високиот крвен притисок, чии покачени вредности претставуваат фактор на ризик за појава на кардиоваскуларни заболувања.