Home / алтернативна медицина / Седум трикови за да ги исчистите белите дробови и да спречите рак

Седум трикови за да ги исчистите белите дробови и да спречите рак

Ако веќе сте пушач, обидете се барем да го намалите ризикот од добивање на рак на белите дробови така што ќе ги прочистите од катран и токсини Еве кои продукти може да ви помогнат за да ги прочистите белите дробови и да го намалите ризикот за добивање на рак.

pusenje-830x553Слатка пченка Оваа храна содржи бета-криптоксантин, кој е моќен антиоксидант за кој се верува дека ги штити белите дробови од рак. Од друга страна, имајте на ум дека најголем дел од пченката на полиците во продавниците е генетски модифицирана, така што најдобро е да конзумирате пченка за чие потекло сте целосно сигурни.

Селен Ова е навистина моќен антиоксидант кој може да се најде во различни видови на риби како што туна, лосос и бакалар но, исто така и во јагнешко месо, јајца и житарици. Затоа што овој минерал го нема премногу во нашата средина, можеби би било добро да го земате и во вид на таблети.

Кромид И лукот и кромидот содржат супстанци кои имаат антиканцероген ефекти. Кромидот помага да се спречат многу болести, вклучувајќи инфекции и рак на белите дробови. Истражувањето покажа дека кај луѓето кои веќе имаат рак кромидот го спречува растот на нови малигни клетки.

Ѓумбир Ова растение ги исфрлува сите токсини од белите дробови. Може да пиете чај од коренот на ѓумбирот со што ќе си го олесните дишењето, а може со секој оброк да изедете и по едно парче ѓумбир.

Портокали Покрај тоа што се фантастичен извор на витамини, портокалите содржат криптоксантин кој превентивно делува против ракот на белите дробови .

Коприва Оваа билка е полна со железо и е многу корисна како средство за дезинфекција на белите дробови и се борбата против инфекциите.

Чај од борови иглички Овој чај традиционално се користи за испирање на устата и грлото, но може да биде добар сојузник во борбата против рак на белите дробови

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top