Ако сакате да го сочувате здравјето на вашиот ‘рбет, би требало да знаете дека седењето со прекрстени нозе подолго од половина час е исклучително лошо за вашиот грб, опоменуваат лекарите.
– Ако веќе седите со прекрстени нозе, тогаш би било добро во почести интервали да ја заменувате нивната позиција. Онаа нога која што е долу, ставете ја горе, и така во смени, објаснува германскиот ортопед Рајнхард Шнајдерхан, претседател на Здружението за промоција на здравјето на ‘рбетот со седиште во Минхен.
– Најважното нешто при седењето е всушност честата промена на позицијата, напоменува тој.
Тој ги отфрла вообичаените совети за тоа дека би требало да седиме колку што е можно поисправено и да гледаме колку што е можно поисправено.
– Никој не може долго да издржи во таква позиција, бидејќи набрзо ќе почувствува напнатост. Всушност, луѓето не се создадени за седење, но потполното избегнување на оваа позиција за современиот човек и не е сосема практична опција, порачува доктор Шнајдерхан.
Еве кои вежби би можеле да ги практикувате на работното место: