Home / Болести и лечење / Се повеќе деца страдаат од ова – Еве како да познаете дали и вашето дете е алергично на Глутен

Се повеќе деца страдаат од ова – Еве како да познаете дали и вашето дете е алергично на Глутен

Годишно се дијагностицираат два-три нови случаи со целијакиа на Одделот за гастроентерохепатологија при Kлиниката за детски болести во Скопје.

gluten freeБолеста вообичаено почнува уште кога се бебиња и во втората година, односно кога на детето почнуваат да му се даваат повеќе житарки, но кај ова дете изостанале класичните симптоми.

– Детето е потхрането има хроничен пролив, голем дистендиран стомак, раздраздливо е, нема апетит, а растот е намален. Kлинички дијагностицираните пациенти имаат хронични проливи, хроничен запек, болка во стомакот, губиток во телесна тежина, намален апетит, слабокрвност, повраќање, раздраздливост, потхранетост, и друго.

А кога потполно е развиена болеста, столиците кај децата се зачестени, пенливи, смрдливи, масни, обилни, густи, па дури и тврди. Родителите да не чекаат и веднаш да го донесат детето на лекар, за навреме да почне лекувањето и да не се јават компликации

leb glutenНајтешка акутна и животнозагрозувачка компликација кај нелекувани пациенти е целијачната криза, кога нагло се влошува состојбата, детето повраќа, има и пролив, зголемување на стомакот, дехидратација, колапс и шокова состојба.

Се јавува и ацидоза, а може да се забави дури и растот на детето, кое може и доцна да влезе во пубертет. Се јавува и оштетување на црниот дроб, невролошки промени, интолеранција на лактоза, мускулна слабост и други компликации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top