Home / природен лек / Се бори со бактерии во желудник, хемороиди и цревни заболувања – Потребни се само 2 состојки

Се бори со бактерии во желудник, хемороиди и цревни заболувања – Потребни се само 2 состојки

Ако имате бактерија во стомакот или мака мачите со хемороиди и цревни заболувања, овој природен лек може да ви помогне да ги ублазжите тие симптоми.

Потребни се суви смокви и маслиново масло. Во голема стаклена тегла ставете околу 40 суви смокви и прелијте ги со маслиново масло. Затворете ја убаво теглата со капакот.

Смоквите може да ги исечете на четири дела за подобро да впијат од маслото и да имаат поголем ефект.

Оваа смеса треба да стои 40 дена, по што се користи. Се зема секое утро една смоква на празен желудник.

Може да земете и една лажичка од маслиновото масло во кое стоеле смоквите.

За да биде лекувањето ефикасно треба да јадете здрава храна, да избегнувате луто и премногу зачинето. Не јадете ни кисело кое штетно делува. Консумирајте повеќе свежа храна, овошје и зеленчук.

Напомена: Природните рецепти не се замена за традиционалната медицина, ниту за лекарствата препишани од доктор. Природните рецепти служат само како додатоци во исхраната и превенција. Не ги употребувајте доколку сте преосетливи на некоја од природните намирници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top