Home / Болести и лечење / Сами си се разболуваме – еве како емоциите оставаат лузни на нашето тело

Сами си се разболуваме – еве како емоциите оставаат лузни на нашето тело

Идејата дека секој од нас сам си „создава болест“ веќе не се вбројува како екстремна алтернатива на која лекарите од западот превртуваат очи. Луѓето денес, се повеќе веруваат дека телото е вистинската слика и одраз на мислите и верувањата на поединецот. Како размуслуваш и колку се плашиш, колку веруваш или не веруваш, колку си подготвен да се бориш и прифаќаш” сето ова некаде е запишано во телото. Описот на болка или болест или нарушувања може да ви помогне подобро да го разберете вашето тело и ум и нивната поврзаност. Секако секој човек е единка сама за себе, но повеќето важи следново:

glavobolkaГлавоболки – Се случуваат кога се казнувате самите себе. Мигрена имаат оние кои сакаат да бидат совршени и тие самите си создаваат притисок под кој живеат. Покрај тоа се справуваат со поттиснат бес.

Синуси -Ако имате проблеми со синусите најверојатно е дека во животот ве иритира некој кој ви е многу близок. Може да се чувствувате дека се нафрла на вас.

Очи – Проблеми со очите укажуваат дека постои нешто што за себе, за вашето минато или иднина, не сакате да го видите. Негирањето и желбата да „не го гледате” тоа што се случува, предизвикува проблеми со видот.

Слух – Проблемите со слухот укажуваат дека постои нешто што не сакате да го слушнете. Болката во уво вели дека имате гнев во себе поради нешто што сте го слушнале.

kosa1Коса – Косата значи моќ. Кога сте напнати и уплашени, создавате „челични ланци“ кои почнуваат во мускулите на рамениците и се шират кон врвот на главата, а понекогаш и на пределот околу очите. Косата расте на тој врв и ако постои напнатост, која трае подолго време, влакната се собираат, косата не може да диши и затоа умра и паѓа, па настапува ќелавост.

Глава – Кога нешто не е во ред со вашата глава тоа значи дека се чувствувате дека нешто не е во ред со вас. Главата се покажува на светот и по неа ве препознаваат.

Врат и грло – Вратот е вашата способност да бидете флексибилни во размислувањето да може да ја согледате и другата страна и да го видите ставот и на другите луѓе. Кога имате проблеми со вратот, тоа значи дека сте биле тврдоглави во проценка на својата ситуација, уверени дека вашите ставови се единствени исправни. Грлото претставува способност да го кажете она што го мислите и да го барате тоа што го сакате. Кога ве боли грлото, тоа најчесто значи дека мислите дека немате право на таков став. Не се грижите за себе и ја потиснувате лутината. Ларингитисот значи дека сте толку лути што дури и не можете да зборувате. Исто така, ако се обидувате да се промените или правите промени во животот, ќе забележите промена во грлото.

race dlankiРаце – Рацете претставуваат способност да ги прегрнат сите животни искуства. Горниот дел на телото е поврзан со способностите, а долниот дел со вештините. Старите емоции ги чувате во зглобовите и лактите претставуваат флексибилност во менување на правецот на живеење. Секој прст има свое значење. Ако го исечете показалецот, во вас се крие страв и лутина поврзани со егото во моменталната ситуација. Палецот пртетсавува загриженост, средниот прст – секс и лутина, до малиот прст заедницата и тага, а малиот прст има врска со семејството.

Грб – Ако имате проблеми со грбот, тоа може да значи дека се чувствувате како околината да не ве поддржува доволно. Горниот дел од грбот има врска со чувството на недостаток на емоционална поддршка од сопруг, сопруга или неразбирање од страна на шефовите. Средниот дел на грбот е поврзан со чувство на вина – кога ве боли значи дека се плашите да го видите тоа што е зад вас. Стравот дека нема да имате пари и дека ќе живеете во сиромаштија се карактеристични за луѓето кои имаат болка во долниот дел на грбот.

Белите дробови – Тие ја претставуваат способноста на давање и земање животот. Ако имате проблеми со белите дробови, можно е да се плашите да го земете она што ви треба или можеби се чувствувате дека немате право да живеете животот каков што живеете.

gradi plastikaГради- Ако имате проблем со градите, тоа обично значи дека сте претерале со мајчинскиот, заштитнички однос спрема некоја личност, место, работа или искуство.

Срце – Срцето претставува љубов, а крвта е радост. Срцето пумпа радост низ целото тело. Кога во животот ќе си ја скратите радоста и љубовта, вашето срце ќе се собере и ќе стане „ладно“. Резултатот е побавен проток на крв и отворен пат кон анемија, ангина пекторис или инфаркт. Луѓето кои преживеале срцев удар никогаш не му се радувале на животот.

Желудник – Желудникот ги вари сите ваши идеи и искуства. Ако ве боли желудникот значи дека не може да сварите некое ново искуство не може да се асимилирате или сте сплашени.

Нозе- Нозете ве носат низ животот. Проблемите со нозете често укажуваат на тоа дека постои страв од движење да се оди напред или неподготвеност да се тргне во одреден правец . Кога нешто не сакате да го направите ќе почувствувате проблеми со нозете.

Колена – Колената се флексибилни исто како и грбот. Тие изразуваат и способност, гордост, его, тврдоглавост. Кога ве болат колената запрашајте се во што сте толку нефлексибилни и одбивате да се прилагодите.

gakji noze2Стапала – Тие се поврзани со разбирање за себеси и животот околу вас, за минатото, сегашноста и иднината.

Кожа – Кожата ја претставува вашата индивидуалност. Кога имате проблеми со кожата значи дека чувствувате оти на некој начин сте загрозени и дека други владеат со вас.

Дебелина – Ова е знак дека имате потребата за заштита. Дебелите луѓе бараат заштита за да не бидат повредени, деградирани, критикувани, измамени и имаат страв од животот.

Болка – било каков вид на болка значи дека имате чувство на вина. Вината секогаш бара казнување, а казнувањето бара болка. Хроничната болка е хронично чувство на вина кои е толку длабоко вкоренето што човек не е ни свесен за тоа.

Извор: Луис Хеј „Како да ги излечите телото и духот“, Хелен Фландерс Данбар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top