Free songs
Home / Болести и лечење / Ако ве врти колено…

Ако ве врти колено…

Сигурно знаете многу луѓе (вклучувајќи се и себеси) што се жалат на болки во зглобовите или мускулите, а ретко кој ги превзема основните превентивни мерки за да се заштити и да ги минимизира.

Почесто се обвинуваат околностите како напорна физичка работа, вежбање или пак староста како фактор што допринесува за одредени нелагодности или болни синдроми. Без разлика од каде започнало, може да се спречи со следните едноставни решенија…

koska2Хлорела

Хлорелата е едноклеточна алга која овозможува широка палета на нутрициенси и детоксификација што можат да помогнат при неутрализација на болката. Некои од нејзините клучни нутрициенси и придобивки се:
Хлорофил, алкална и прочистувачка супстанција која ја уништува киселоста во организмот и се бори против воспаленијата што често се поврзуваат со мускулните и зглобни болки.

Детоксификација, бидејќи честопати токсините се основни предизвикувачи на болки во зглобовите и мускулите, а хлорелата ја има таа уникатна способност да се врзува со токсините (вклучувајќи ги тешките метали, кои се причинители за сериозни болки од овој тип) и да ги изфрла од телото.

Глукозаминот помага да се подобри ‘рскавицата и лигаментите.

Интестинална флора, бидејќи специјализирани компоненти од хлорелата го поттикнуваат растот на корисната флора во цревата, која помага при зајакнување на имуниот систем. Бидејќи мускулната и зглобна болка често се поврзува со премногу активен имунитет, осигурувајќи го присуството на ваквата флора е од витално значење за да се олесни истата.

Минерали, хлорелата е храна полна со нутрициенси и минерали што се витални за нашата благосостојба, бидејќи исхраната во која недостасуваат важните минерали може да придонесе за ваквата болка.

Астаксатин

Темно црвен фитонутриент кој се синтетизира од микроалгата наречена Хематококус  (Haematococcus). Астаксантинот се одгледува во слатки води со помош на специјални техники што го потпомагаат растот на лекот што го содржи за да штити од оксидација, УВ радијација и други стрес фактори од околината.

Кога се одледува на овој начин и се собира во течност, астаксантинот станува еден од најмоќните антиоксиданси во природата, со тоа што е 550 пати помоќен од витаминот Е.

rakaЗа разлика од другите антиоксиданси, овој е растворлив во масти, што значи дека се пренесува директно до ткивата и мускулите и спречува оксидација на местото каде има стрес или потенцијална оксидација. Со тоа им е понудена одлична заштита на зглобовите и мускулите од различни дегенеративни состојби, а исто така помага да се уништи инфламацијата која се поврзува со ваквите болки.

Магнезиум

Магнезиумот е есенцијален минерал што е одговорен за повеќе од 800 ензимски процеси во телото. Не случајно се нарекува и ”магичниот минерал” поради многу причини, а една од нив е способноста да ги релаксира мускулите и да ја намали болката.

Магнезиумот е неопходен за здравјето на мускулите и зглобовите, а многу луѓе што имаат недостаток на истиот можат да ја подобрат состојбата со тоа што редовно ќе ја конзумираат препорачана доза.

koskaИсто така, магнезиумот е неопходен за правилна дигестија и за неутрализација на воспалителните протеини во телото, двата фактори што обезбедуваат поздрави и порелаксирани мускули и зглобови.

Елиминација на храна и пијалоци што зголемуваат болка во зглобови

Најтешкиот дел од борбата, кога се работи за намалување на болките во зглобовите и воспаленијата во мускулите, е елиминација на храна што константно го предизвикува болниот синдром.

Храната што ги предизвикува овие состојби е:
– Пченица (и други глутенски производи)
– Кафе
– Алкохол
– Шеќер
– Морска храна (која е токсична или содржи олово)
– Свинско месо
– Млечни производи (особено пастеризирани)

Дополнително, еколошките фактори како тешко загадување и медицинските процедури како амалгамски пломби (создаваат акутно труење со олово и тешки метали) се познати како предизвикувачи на сериозни болки во мускулите и зглобовите поради нивниот афинитет да се вгнездуваат во масните ткива на телото.

Добра вест е тоа што овие болки можат природно да се намалат и отстранат штом ги елиминирате сите предизвикувачи и започнете правилно да се грижите за вашето тело.

Извор – karas4training.com

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top