Home / алтернативна медицина / Руско-корејски рецепти: За срцето и заштита од тумори

Руско-корејски рецепти: За срцето и заштита од тумори

Tрадиционални лекови кои може да ги подготвиме дома и не треба да трошиме многу време и пари, а истовремено дејствуваат и како превентива:

Лековит појадок

*Брусница
Веќе е познато дека се смета за една од најздравите зрнести овошја, а во комбинација со други состојки може да биде уште покорисна. Ако имате проблеми со срцето, практикувајте го следниов појадок неколку пати во текот на една недела.

srce33-300x201Потребни ви се 200 г свежа брусница, кисело млеко, цимет и ѓумбир во прав.

Сето тоа промешајте го и потоа додадете две лажички овесни снегулки. Потоа повторно помешајте и оставете го да стои половина час за да биде подготвено за јадење. Колку почесто го консумирате овој појадок толку побрзо ќе забележите подобра работа на срцето, намалување на крвниот притисок и подобар тонус на својот организам во целост.

Суперпијалак за срце

Пијалакот се подготвува само од природни состојки, а се препорачува да го подготвувате навечер. Во метален лонец ставете една чаша измиено суво грозје и додадете литар вода.

Варете го на тивок оган десетина минути. Потоа тргнете го лонецот од шпорет и ставете четири лажички зелен чај, една лажичка мед и две лажички свежо изрендан ѓумбир. Поклопете го лонецот и замотајте го со топла волнена ткаенина. Нека стои осум часа. Следното утро исцедете го пијалакот и пиете по 150-200 грама два пати дневно пред јадење.

Сувото грозје содржи многу калиум и магнезиум, кои се корисни за срцето и за крвните садови. Зелениот чај е моќен антиоксиданс, како и ѓумбирот, а медот кој содржи многу гликоза има висока концентрација на микроелементи и биолошки активни материи, кои го хранат организмот и штитат од инфекции. Дадете му на организмот дополнителна енергија и ќе го зајакнете тонусот. Поради сите овие поволности, овој пијалак се нарекува уште и суперпијалак, кој го штити срцето.

Јакнење на кардиоваскуларниот систем

Ова е уште еден рецепт од низата кои традиционално се користат и се пренесуваат од колено на колено за зајакнување на кардиоваскуларниот систем.

За овој лек потребни ви се:
– три лимони
– мед
– половина литар вотка
– каранфилче

Првин сомелете ги лимоните во специјална машина заедно со лушпата. Потоа додадете ги каранфилчињата кои претходно сте си сомлеле во прав, па ставете 100 г мед и половина литар вотка. Сето тоа помешајте го добро и ставете го голема тегла. Добро затворете ја и оставете ја мешавината да стои десет дена. Потоа процедете го пијалакот и додадете му вода. Додадете толку вода за да добиете три литри течност. Пијте по три големи лажици пред секое јадење од овој пијалак. Резултати ќе ги забележите по еден месец.

Масажата како лек

Ако чувствувате забрзано биење на срцето, тахикардија или нерамномерно и забавено, брадикардија, тогаш можете сами да си помогнете со помош на корејски алтернативен начин, познат како су џок-масажа.

Оваа лековита опција има два начина на спроведување:

Прв начин:
– Соберете ја дланката во форма на бокс. Местото што го допирате во средниот прст содржи нервни завршетоци, кои се директно поврзани со вашето срце. Тоа уште се нарекува и точка на срцето.

Потоа, со показалецот од другата рака нежно притискајте на тоа место, во времетраење од пет до десет минути или онолку колку што е потребно додека не почувствувате дека отчукувањето на срцето ви се вратило во нормален и правилен ритам. Значи, ако срцето ви отчукува пребрзо или пребавно, наметнете му ред од 60 отчукувања во минута. Со оваа масажа испраќате механички импулси во своето срце низ нервните завршетоци на дланката.

Втор начин:
– Земете во десната рака пенкало што има тап врв и внимателно, со средна јачина, ставете го пенкалото на точката на срцето.

Доколку пулсот ви е забрзан, односно имате тахикардија, додека ја притискате точката на срцето, вртете го пенкалото во спротивна насока од движењето на стрелките на часовникот. На тој начин го забавувате пулсот.

Доколку, пак, пулсот ви е забавен, односно ако имате брадикардија, додека ја притискате точката на срцето, пенкалото вртете го во правец на стрелките на часовникот. На тој начин го забрзувате пулсот.

Оваа масажа уште од дамнина се смета за прва помош при неправилна работа на срцето кај Корејците.

Десерт како лек

Иако, многупати сме читале дека благата храна е штетна и потребно е да се одбегнува, тоа не е случај со овој десерт. За здрав десет со природни шеќери потребни ви се ореви, нар и јаболко.

Прво, извадете ги семките од нарот и заедно со оревите и јаболкото сомелете ги во машина за мелење. Откако добро ќе ги сомелете, десертот е веќе подготвен за јадење, а најдобро е да го комбинирате со чај. Народните лекари ова го сметаат како дополнително засилување на срцето.

Превенција од тумори

Овој лек не само што го штити срцето туку и се користел и за превенција од заболување на канцерогени болести. С` што е потребно за да го подготвите се шампињони, свежа зелена салата и липов мед.

Земете пет шампињони, кои потребно е да бидат свежи, а пожелно е да бидат набрани во претходните 24 часа. Исто така, треба да бидат со целосно затворени капички. Добро измиете ги и прелиете ги врела вода. Потоа добро избришете ги и исцедете ги така што ќе добиете бистар сок. Свежата зелена салата исто измиете ја и исцедете ја како сок (или сомелете за да добиете повеќе сок, а доволно е да добиете една лажица течност). Измешајте ги пијалаците и додадете една лажица липов мед.

Добиената количина консумирајте ја следните три дена, а чувајте ја во добро затворена тегла или стаклено шише во ладилник. Секое утро на гладен стомак пијте по една третина од оваа мешавина и на секои три дена подготвувајте нов. Овој лек не треба да има се дава на деца помали од седум години.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top