Home / бабини рецепти / Руски лекови за машки болести

Руски лекови за машки болести

Руските лекари советуваат за побрзо излекување на простатата болниот добро да размисли и да открие што ја повредило неговата машка гордост и го предизвикало заболувањето, бидејќи сите болести имаат своја психичка компонента

impotencijaПротив импотенција со лековито млеко

Сувото грозје сварено во млеко успешно ја регенерира полната енергија. Најдобро е да набавите сушено црно грозје.

Добро измијте 30 грама суво грозје, па варете го во неоштетен емајлиран сад со 200 милилитри млеко. Во почетокот пијте го ова количество трипати на ден, а подоцна зголемете ја дозата на сувото грозје на 50 грама. Пијте го ова лековито млеко с` до излекувањето.

Рецепти за рак на простатата
Рецепт 1
Земете сладок корен (lat. Glycyrrhiza glabra). Една лажица смелен сладок корен прелијте со половина литар зовриена вода и варете го 15 минути во неоштетен емајлиран сад. Тргнете го садот од шпоретот и поклопен оставете го да отстои преку ноќ. Пијте по третина чаша од овој чај, 20 до 30 минути пред јадење. Истовремено земајте по 30 до 40 капки тинкутура од прополис 2-3 пати дневно.

Две лековити вина за подобра потенција

1.Земете 1 лажица семе од црвена детелина и ставете ја во неоштетен емајлиран сад, додајте 200 милилитри квалитетно црно вино и добро измешајте. Овој сад ставете го во поголем сад со вода и варете го на пареа лековитото вино 30 минути. Пијте по една лажица од него три пати дневно.

2. Земете една лажица семе од коприва, ставете го во неоштетен емајлиран сад, додајте 200 милилитри квалитетно црно вино и добро измешајте. Садот ставете го во поголем сад со вода, и варете го виното на пареа 30 минути. Пијте по една лажица од ова лековито вино трипати на ден.

Меден балсам

Во руската народна медицина за лекување на импотенцијата се користи меден балсам. За да го подготвите, потребни ви се 250 грама листови од кактусот алое. Земете пошироки, меснати листови од долниот дел на растението. Ситно исечете ги листовите и ставете ги во тегла, во која ќе додадете и 250 грама природен мед и 250 грама квалитетно црно вино. Добро измешајте со дрвена лажица и добро затворете ја теглата, па ставете ја во фрижидер да отстои 5-6 дена. Потоа процедете ја содржината и пијте ја течноста 3 пати на ден пред оброкот, во текот на четири недели.

На почетокот земајте трипати дневно по една кафена лажичка од медениот балсам. Постепено зголемувајте ја дозата се до една супена лажица. По четири недели, направете пауза од една недела. Потоа може да ја повторите целата кура.

Смеса против стерилитет

Ставете во тегла 200 грама мед, чаша коњак, сок од три лимони и три свежи жолчки. Се добро измешајте. Добро затворената тегла чувајте ја во фрижидер. Пијте половина час пред јадење, трипати дневно по 1 лажица од оваа смеса. Секој пат пред тоа измешајте ја смесата со дрвена лажица.

Лек против аденом

Земете 100 грама свеж рен и смелете го на машина за месо или измиксирајте го со еден цел лимон. Земајте по една лажица од оваа смеса наутро, на празен стомак.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top