Free songs
Home / аларм / Руската академија на науките: Хомеопатијата е опасна по здравјето

Руската академија на науките: Хомеопатијата е опасна по здравјето

Руската академија за науките (РАС) ја означи хомеопатијата како опасна по здравјето и побара од Министерството за здравство да ја стопира употребата на хомеопатски лекови во руските државни болници, јавија руски медиуми.

homeopatija-300x212Комитет на РАС утврди дека некои пациенти ја отфрлаат стандардната медицина во корист на хомеопатските лекови, доведувајќи го својот живот во опасност, пренесува „Москоу тајмс“.

Комитетот исто така предупреди дека некои хомеопатски таблети без лиценца содржат токсични материи.

– Принципите на хомеопатијата се косат со познатите хемиски, физички и биолошки закони, а уверливи научни тестови, со кои би се докажала нивната ефикасност не се достапни, наведува Комитетот на РАС во својот извештај.

Заклучокот на РАС ги зголеми критиките против хомеопатската медицина во Русија. Минатиот месец студентите од Првиот московски државен универзитет поднесоа петиција за забрана за учење за хомеопатските принципи во медицинските училишта.

Исто така Руската федерална царинска служба воведе во ноември 2106 година нови прописи, принудувајќи ги произведувачите да ја докажат делотворноста на секој хомеопатски производ, кој сакаат да го продадат.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top