Free songs
Home / нови лекови / Русите пронајдоа лек против ракот на кожа

Русите пронајдоа лек против ракот на кожа

Руските научници направиле иновациски препарат за борба против ракот на кожа, кој го стимулира уништувањето на клетките на ракот по пат на имунолошкиот систем на пациентот, не оштетувајќи го здравото ткиво.

rak koza1Научниците на петерсбуршката компанија „Биокад“ кои го направиле препаратот, наведуваат дека направиле чекор напред во лекувањето на овој вид рак на кожа.

Новиот лек според оценките на експертите, значајно ќе го зголеми животниот век на болните од метастатска форма на меланом.

Меланомот е најопасна малигна болест. На него отпаѓа само 4 отсто од случаите на рак, но смртниот исход е 80 отсто.

Новиот препарат на компанијата „Биокад“ помага во забавување на развојот на болеста и продолжување на животот на луѓето.

Ефектите од лековите се заснова на деблокирање на имунолошкиот систем на пациентот, кој продолжува да се бори против ракот. Постоечките хемиски препарати, според зборовите на научниците, неможат успешно да се борам против ракот.

Употребата на блокатори со протеини “PD-1″ води кон суспензија на развојот на тумори во 40 отсто од случаите.

Во септември оваа година во САД е регистриран препарат на компанијата „Мерк“ заснован на сличен принцип на дејствување, но рускиот има низа предности.

Извлекување на антитела од телото на животните и нивниот ефект врз имунолошкиот систем на пациентот (американски терапија) може да предизвика алергиска реакција. Рускиот препарат е заснован на користење молекули лимфоцити на човекот и не дава несакани ефекти.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top