Free songs
Home / нови лекови / Русите преку ДНК откриваат рак пред да се активира

Русите преку ДНК откриваат рак пред да се активира

Во руските Здравствени домови во иднина ќе биде овозможена брза идентификација на рак – руските научници создадоа метод на лечење по пат на ДНК, која открива рак во состојба додека тој се уште не почнал да се манифестира!

Научниците од Новосибирск најдоа начин за супер брзо дијагностицирање на рак, а врз основа на технологија на компанијата ЕпиЏин.

cancer-300x168Методот се темели на анализа на ДНК. Ракот не се развива ако се активни одредени гени. Нивното исклучување зборува за тоа дека во организмот нешто не е во ред и овозможува дијагностицирање на онколошка болест.

Генот не треба да се анализира во целост – доволни се само две три молекули на ДНК.

Научниците од Новосибирск открија фермент со чија помош може да се открие исклучениот ген и да се одреди од кој вид на рак боледува пациентот.

Резултатите од тестот можат да бидат готови за неколку часа, а може да го врши секој Здравствен дом. Доволно е пациентот да направи вообичаена анализа на крвта на која ќе го упати интернист. Од крвта се издвојува ДНК, се обработува со фермент и се доаѓа до стандардна реакција која може да се врши во сите лаборатории.

Во овој метод основна е супер брзата дијагностика, бидејќи промените во гените и нивното исклучување се одвиваат во рана фаза, кога болеста не се активира на ниту еден начин.

Јасно е дека е многу поедноставно да се излезе со таа болест на крај во овој случај, отколку да се лечи подоцна.

Овој начин на лечење се разликува од познатата метода на онколошките маркери во која лекарите немаат посебна доверба – наведоа руските медиуми.

Онкомаркерите се одреден вид на белковини кои се наоѓаат во крвта на човекот. Меѓутоа, овие молекули на белковини можат да ги имаат болни но и здрави луѓе. Едноставно, нивната концентрација е индивидуална работа. За воспоставување на дијагноза тоа не е доволно, потребни се прецизни истражувања. А тест-системот на новосибирските научници може да ја воспостави токму таа дијагноза и не му се потребни дополнителни проверки.

Тест-системи од сличен вид постојат и успешно се користат во странство. Меѓутоа, како што истакна директорот на компанијата ЕпиЏин, сличноста е само во насоченоста на генетската анализа. А самата анализа во Новосибирск ја вршат поинаку – не со хемиска метода како Американците, туку со користење на фермент, што претставува важна предност.

Руската компанија користи ферментска метода. Таа се темели на единствен фермент кој е откриен токму во таа компанија. Оваа метода се врши во епрувети. Многу е точна и за неа не е потребна дополнителна опрема. Основно е тоа што во споредба со американската, поевтина е три до четири пати.

Компанијата ЕпиЏин веќе доби патент за воспоставување на супер брзата дијагностика на рак, кој е достапен преку Интернет. За конечна обработка на тест-системот ќе биде потребно извесно време, но до 2017 година тој ќе биде достапен за комерцијална употреба, тврдат научниците.

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top