Home / природен лек / Рукола – за либидо и заштита од дегенеративни болести

Рукола – за либидо и заштита од дегенеративни болести

Руколата (лат. Eruca sativa) е вкусен лиснат зеленчук кој лесно се одгледува, а воедно ја штити градината од разни штетници, па така е повеќекратно корисна. Записите за ова растение, кое води потекло од Средоземјето, можат да се пронајдат во Библијата и Талмудот, каде се фали кулинарската и медицинската употреба на рокулата. Во древниот Рим и Египет се сметало дека семето и листовите на ова растение имале дејство на афродизијак. Во поемата Моретум од Вергилиј, руколата е опишана како растение кое го буди либидото кај заспаните луѓе. Тогаш, руколата била неизбежна состојка на сирупите против кашлица и против скорбут, а денес е исто толку популарна, и тоа во домашните кујни и аптеки ширум светот.

rukolaСостав и лековитост на руколата

Руколата е корисно растение кое во 100 г содржи само 10 калории, а изобилува со витамините А, Ц, К, рибофлавин и фолна киселина, но и со калциум, магнезиум, бакар, железо, цинк и калиум.

Една порција рукола носи 83% од дневната потреба на човекот за витамин К, но и 38% од препорачаната дневна доза витамин А. Магнезиумот и цинкот се најважните состојки кои и го даваат афродизијачкото дејство на руколата. Не само што овие елементи го штитат организмот од стрес, туку помагаат и во синтезата на половите хормони. Поради ваквото позитивно дејство на либидото и потенцијата, научниците уште ја нарекуваат руколата и љубовна дрога.

Како и поголемиот дел на останатите зелени лиснати зеленчуци, руколата изобилува со антиоксиданти, го чисти џигерот и е идеална за пролетна детоксификација. Руколата создава глукозинолати, кои во системот за варење се претвораат во изотиоцинати. Овие, заедно со големиот број на антиоксиданти во руколата, делуваат на регулирањето на имунолошкиот систем на организмот, спречуваат макуларна дегенерација и остеопороза, но и активно штитат од рак.

Руколата е исто така богата со хлорофил и соединенија на сулфур кои го помагаат чистењето на организмот на клеточно ниво. Погодна е и за келатна терапија, која се припишува за исфрлување на тешките метали од организмот. Сигурно досега видовте дека постојат и повеќе од доволно причини за да ја додадете руколата во вашето секојдневно мени, па затоа започнете да ја користите уште денес.

Одгледување на рукола

Руколата може да се одгледува постојано од март до септември и тоа на било каква земја. Можете да ја берете веќе по 40 до 60 дена. Освен во градината, можете да ја садите и во саксии, па дури и во обични тегли. Обично дава до 2 кг принос по квадратен метар земја. Најдобро е да се чува неизмиена во фрижидер, и тоа во ќесичка од која е изваден воздухот. Се смета дека витамините и минералите од руколата подобро се апсорбираат доколку таа претходно кратко се обари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top