Шарлот Фиги, 5, страда од ретко генетско пореметување. Таа има околу 300 напади неделно, поради што мора да биде во инвалидска количка, а по срцевиот удар и непрестајните напади престанала да зборува. Како последно средство, нејзината мајка се повикала на медицинските влијанија на марихуаната.
Две години подоцна, на Шарлот нападите и се намалени во голема мера, може да оди и да зборува, дури и може сама да се исхранува по земањето на маслото од канабис, кое се изработува на уникатен начин.
“Таа може да се движи, да зборува, таа дури јадеше и чили во автомобилот!” – изјавува нејзината мајка, Пејџ Фиги, шетајќи се со својата ќеркичка низ стаклената градина во која се одгледуваат стебла на марихуана кои подоцна се преработуваат. Активната супстанца ТХЦ која ја содржи се обработува заедно со маслиново масло па на тој начин пациентите ја конзумираат. “Ќе се борам со сите кои се против ова!” – изјавува мајката, додека лекарите не можат со сигурност да тврдат дека овој начин е ефикасен и безбеден.
Во збрката да се дојде до оваа преработена марихуана, имало извештаи од неовластени снабдувачи кои нуделе лажни примероци од маслото од канабис, наречено “Charlotte’s Web“.
Во еден случај, раскажува лекарот, на некои родители им било препорачано да ја готват марихуаната со путер. Нивното дете по ова имало неподносливи напади со денови. “Немаме поткрепена медицинска литература за да го поддржиме маслото од канабис” – изјави Д-р Лари Волк, шеф на здраството.
Сепак, повеќе од стотина смејства се преселиле во Колорадо откако слушнале за приказната на Шарлот, која почнала да се шири минатото лето. За Фиги, нејзиниот сопруг и петте браќа кои ја одгледуваат марихуаната за здравјето на Шарлот.
Преселените семејства формирале тесно поврзана група во Колорадо Спрингс, градот во кој е легализирана марихуаната и дозволена е трговија со истата. Тие се собираат на ручеци, сесии за поддршка и слично.
“Ова е најголемата надеж која некој од нас некогаш ја имал” – изјавува Холи Браун, чија 9-годишна ќерка, Сидни, почнала да ги завршува своите реченици и да се смее откако се преселиле во Колорадо од Канзас Сити и започнале да ја лекуваат со маслото од канабис.
Ејми Брукс-Кајал, потпретседателка на “American Epilepsy Society” предупреди дека неколкуте чудесни приказни за излекуваните деца не мора да значи дека дејството на маслото од канабис ќе биде исто кај сите – епилептичните напади се појавуваат и се губат без некоја посебна причина и научниците не знаат какви оштетувања можат да нанесат маслата од канабис врз мозокот на малите дечиња.
“Додека не ги добиеме потребните информации, како лекари, не смееме да превземеме ништо на свои раце” – изјави таа, сугерирајќи дека родителите треба да ги преместат своите деца во некоја од 28-те педијатриски болници за епилептични напади, наместо да се преселуваат во Колорадо.
Tocka.com.mk