Home / Болести и лечење / Лек за седа коса и витилиго

Лек за седа коса и витилиго

Пред неколку дена беше објавено дека европски истражувачи откриле лек за седа и тенка коса- примениле надворешно соединение на сонцето и сок од лук. Сепак, истражувачите не откриле нешто сосема ново, бидејќи сокот од лук веќе со векови се користи како лек за тенки и сива коса.

vitiligo-hands1Факт е дека побелената коса е резултат на оксидативниот стрес, што предизвикува акумулација на водород пероксид во фоликулите на косата, која, како резултат на тоа, со времето обелува одвнатре кон нанадвор.

За да се исчистат скалпот и фоликулите, сокот од лук го поттикнува производството на каталаза која пак го спречува создавањето на сива коса и го поттикнува задебелувањето на фоликулите.

Она што е ново откритие е дека модифицираната состојка на каталаза, исто така, има позитивен ефект врз лекувањето на витилиго (кожна болест со која се губат пигментите). „Надвор од секое сомнение е дека ненадејната загуба на коса и бојата на кожата може да влијаат на човекот на многу начини. Документирано е подобрување на квалитетот на пигменцијата на кожата”, вели Карин Шалројтер од Институтот на пигментни нарушувања.

Во народната медицина со години се користат лекови против побелена коса кои дале мешани резултати.

seda kosaОриенталниот лек фо-ти веќе долго време се користи како лек за седа коса. Познат е и како шу-ву, што се преведува како „црнокосиот г-дин Хе”. Според легендата, г-дин Хе бил човек кој си ја повратил својата сексуална потенција благодарение на фо-ти чајот. Традиционалните фо-ти корени се ценети во кинеска медицина и се држат во тајност, но основниот процес вклучува лекување со користење на супа од црн грав и вино. Сепак денес, фо-ти коренот може да се најде и во облик на капсула.

Црната шеќерна водичка им помогнала на многу луѓе да си ја вратат бојата на косата, но потребно е долго време за да се видат резултатите. Темнината вискозна меласа е она што останува по екстракција на шеќерот од шеќерна трска. Таа содржи значајни количини на витамин Б6 и минерали, вклучувајќи калциум, магнезиум, железо, манган и една лажица обезбедува до 20 проценти од препорачаната дневна вредност. Таа исто така е добар извор на калиум.

Чајот направен од борови иглички исто така се користи како лек за седа коса.

Како што е случај со целото тело, така е и кај косата, за нејзиното здравје неопходна е и правилна исхрана богата со силициум, б-витамини, омега-3 масни киселини, протеини, калциум и железо со додаток на антиоксиданси, минерали и витамини А.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top