Home / алтернативна медицина / Рецепти против рак од професор Христо Мермерски

Рецепти против рак од професор Христо Мермерски

Луѓето многу често знаат да изедат големи количини на салата, со неа да испијат и ракија, потоа да замезат сирење, салама, кашкавал и на крај главно јадење месо. Тогаш организмот е збунет и не знае од каде да почне. Професор Христо Мерменски вели дека не е против ниту една од овие продукти, но треба да има баланс. Во својата книга “Третман и забавување на стареењето преку исхрана – со лековита и антиканцерогена храна” повеќе внимание посветува на храната што го разболува човекот. Според него, тоа е така бидејќи смета дека природата е исцелител и лекува 66 отсто од сите болести.

mremerski– Во 2007 година излезе едно истражување од Светската здравствена организација, кое тврди дека 70 отсто од прераната смрт кај луѓето е последица на неправилна и лоша исхрана. Тоа ме предизвика да напишам книга. Во истражувањето се посочуваат и фазите низ кои поминува човек при прерана смрт. Најнапред тој чувствува тегоби во стомакот, потоа се јавуваат киселините, потоа гастритис и чир, дисбактериоза и конечно рак на желудникот. Не можеш да седнеш на масата и да пробаш сè што е на неа, да ставаш во стомакот сè како да е канта за ѓубре вели професор Мермерски во едно од позначајните интервјуа за бугарски медиум.

Како храната нè убива?

Земете како пример една салама или слично сувомесно што луѓето обожаваат да го консумираат. Таму има големо количество сол, што ја надминува за пет до десетпати потребата на организмот.

Според објаснувањата на проф. Мермерски, солта произведува натриумкатјон, а тој ја задржува водата во организмот – на тој начин се оптоварува срцето. Покрај тоа, за сувомесниот производ да се задржи бојата и за да не се расипува, се ставаат нитрати. По некое време тие стануваат канцерогени и опасни за црниот дроб, за мочниот меур и за другите органи.

Тој вели дека секое месо не е убиствено. Свежото месо не е опасно, но преработеното во салами, виршли, чајни и слични преработки содржи премногу сол. Тука го вбројува дури и сирењето, кое треба да е корисно. Сета таа пресолена храна предизвикува мозочен удар, па дури и да се преживее, годините на живот ќе бидат скратени. Од таквата храна се добива гастритис, чир, дури и гихт.

– Не за џабе го нарекуваат гихтот царска болест, бидејќи се јавува кај тие што јадат многу. Исто така, од неправилната храна се станува дијабетичар, се оштетуваат бубрезите, црниот дроб и срцето.

Лута храна против емфизем

mremerski lekМермерски го препорачува оревот како најздрава храна. Дури вели и дека неговиот внатрешен облик како човечки мозок не е случајност. Особено го препорачува да се консумира со мед и лимони. Тој вели дека тоа е најздравото слатко што може да го консумираат љубителите на благото, но и сите други.

Од друга страна, вели дека лутата храна како лути пиперки воопшто не се штетни, напротив, тие се лек со чуден вкус.

– Еден лекар вели “ако не можеш да јадеш луто, земи го како лек”. Лутата храна им помага на заболените од емфизем на белите дробови. Тие што јадат луто, многу често се потат, а тоа е всушност исфрлување на токсините – вели тој.

Според него, во три мали лути пиперчиња има витамин Ц колку во еден килограм лимони.

Храна што лекува

Професорот споменува дека луѓето многу често знаат да изедат големи количини салата, со неа да испијат и ракија, потоа да замезат сирење, салама, кашкавал и на крај главно јадење – месо. Тогаш организмот е збунет и не знае од каде да почне. Тој вели дека не е против ниту една од овие продукти, но треба да има баланс.

hrana-organska– Не можете да седнете на маса и да не знаете што јадете и колку е штетно или здраво тоа. Ако сте болни и ви треба лекување, знаете дека ви требаат свежи зеленчуци и овошје. Можеби не можете да изедете четири килограми моркови, но можете да испиете две литра сок. Сокот веднаш се апсорбира и за 15 минути ќе владее со организмот. Природата ја создала лековитата храна, вие само треба да откриете која е таа – вели тој.

Во неговата книга темелно е разграничена користа од храната – зеленчукот, овошјето, грозјето, виното, гравот, рибата, јаткастите плодови и друго.

– Ги опишувам хемиските и биолошките состојки на одреден производ, за да стане јасно зошто се одредени корисни својства. А врз основа на корисните својства може лесно да се одреди кои болести ги лекува. Оттука излегуваат и рецептите за лекување со храна – вели тој.

Свежо млеко или јогурт?

Според Мермерски и пресното млеко и јогуртот се здрави, но подобро е киселото млеко. Тој ги препорачува како лек против рак на дебелото црево и желудникот. Вели дека возрасните луѓе треба да знаат дека ако сакаат да се спасат од остеопороза, нема да најдат никаде повеќе калциум освен во млекото. Затоа, препорачува по една до две чаши млеко или јогурт во еден ден.

mleko– Дури и наместо вечера може да се пие јогурт. Друго што треба да се знае е дека од 24 микроелементи неопходни во човечкото тело, 22 ги има во медот. А нема подобар лек од прополис против вирусните настинки. Медот, бидејќи го собира нектарот од различни билки, содржи најквалитетни состојки. Дејствува антивирусно, антигабично, антибактериско, а може да се комбинира со пресно млеко – вели тој.

Посветен на лековита храна

Професорот Христо Мермерски е роден во 1934 годин,а во село Ботев, Врачанско. Завршил Академија за земјоделство во 1962 година, а првиот докторат го завршил во Москва.

Специјализирал на Универзитетот “Илиноис” во САД, во 1980 година. Работел како заменик-генерален директор на “Агропромкомплект”, а бил и заменик-министер за земјоделство и советник за биолошки науки, технологија и земјоделство во бугарската амбасада во Вашингтон. Дестина години живеел во САД и предавал на универзитети во САД, Европа, Судан и во Етиопија. Има издадено неколку книги за здравата и за лековитата храна, како и за народната медицина.

Рецептот што го прослави

Рецептот што, според Мермерски, се покажа ефикасен за лекување на целиот организам ги прочистува крвните садови, го зајакнува срцето, го зајакнува имунолошкот систем, ги прочистува црниот дроб, бубрезите, ја подобрува функцијата на централниот нервен систем и помага при сите видови рак.

limun-i-lukПотребни состојки:
15 лимони
12 главици лук
1 кг мед
400 г пченица
400 г ореви

Подготовка:
400 г пченица ставете во стерилна стаклена тегла, па додајте вода за да ја покрие. По 10-12 часа преку чиста газа процедете и добро измијте ги зрната.
По 24 часа треба да се добие пченица со никулци со должина од 1-2 мм. Заедно се мелат пченицата, оревите, лукот. Се мелат и 5 лимони со кората и сè заедно се меша во емајлиран сад. Од другите лимони се цеди само сокот и се додава во смесата. Се додава и медот и добро се меша додека компонентите не се соединат. Смесата се чува во стерилни тегли во фрижидер.
По 3 дена лекот е готов за употреба.

Дозирање:
Лекот се зема 30 минути пред оброк и пред спиење.
За лечење рак – на секои 2 часа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top