1. Се зема 250 г мед, 200 мл дестилирана вода, 30 г мелена бела имела, 30 г мелена линцура, 30 г мелен корен од здравец и 30 г семе од коприва. Ова се меша со миксер и се користи трипати на ден, една супена лажица половина час пред јадење.
2. За овој рецепт се потребни коприва, здравец, робертаниум. Овие билки се преливаат со 300 мл врела вода. Смесата треба да отстои 20 минути. Потоа се процедува и се пие трипати на ден, половина час пред јадење по едно лажиче.
l Штитете се од сонце со средство за заштита со висок заштитен фактор. Така ќе ја заштитите кожата од лошите ултравиолетови зраци.
l Водете здрав начин на исхрана.
l Алкохол пијте умерено, или воопшто не пијте.
l Редовно вежбајте и одржувајте ја активноста на организмот.
l Ако на работа сте изложени на познатите канцерогени материи, задолжително придржувајте се кон сите мерки на безбедност.
l За да го ограничите изложувањето на канцерогени хемиски материи, избегнувајте производи за чистење во спреј, а по користењето на средството за чистење, отстранете го истуреното и измијте ги рацете.
l Носете ракавици кога користите пестициди.
l Отворете врата и прозорци кога користите хемикалии во затворен простор, за да излезат испарувањата.