Home / Болести и лечење / Рак на јајници, симптоми

Рак на јајници, симптоми

Ракот на овариумот или јајниците е многу често малигно заболување во нашата земја и во светот и не изостанува многу по ракот на грлото на матката.

jajnici-300x200Најчесто се јавува на возраст помеѓу 50-60 години, односно после менопаузата, но не се ретки и случаевите кога ова малигно заболување се среќава и кај многу помладата популација.

Има некои симптоми кои можат да укажуваат на рак на јајниците, но проблемот е во тоа што истите симптоми можат да се јавуваат и во други состојби кои не се многу алармантни, па затоа се она што ќе го споменеме подолу во текстот се јавува и кај вас, не паничете веднаш туку направете преглед.

Почетни симптоми

Симптомите кои најчесто се забележуваат кај рак на јајниците се:

* Болки во долниот дел на стомакот

* Подуеност слична како онаа што се јавува поради јадење

* Хроничен умор кој се влошува односно не поминува

* Проблеми со варењето

* Болки во грбот

* Болки за време на сексуалниот однос

* Пореметување на менструалниот циклус

* Обилна менструација

* Болна менструација

Морате да знаете дека сите овие симптоми се јавуваат и при други состојби кои не се толку алармантни, но доколку имаате неколку од овие симптоми морате да се јавите на преглед

Кај ракот на овариумот нема специфични симптоми кои се карактеристични исклучиво за него

Кои групи на жени се најризични?

*  Жените кои во своето семејство имаат историја на карцином на јајници или историја на канцер воопшто. Жените кои во својата фамилија имале карцином на јајници, дојка, грло на матка или сл. имаат значително поголеми шанси да заболат од карцином на јајници. Доколку сте имале или имате ваков случај во фамилијата, задолжително правете редовни контроли по навршување на 20-тата година.

* Жените постари од 50 години, односно жените по менопаузата.

* Жените кои во својот живот немале деца.

* Жените кои рано започнале со првата менструација и жените кај кои менопаузата се јавила покасно од вообичаеното.

Жените кои имале повеќе менструации имаат поголеми шанси да заболат од рак на јајници – тврдат научниците.

* Жените кои не користат заштита при сексуален однос.

* Жени кои неможат да забременат.

* Жените кои користат естроген или друга хормонска терапија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top