Home / аларм / Пудрата за тело ризик за рак на јајници и матка!

Пудрата за тело ризик за рак на јајници и матка!

Ризикот од појава на рак на јајници се зголемува за речиси 25 отсто доколку често се употребува пудра за тело, порачуваат научниците.

Во ново американско истражување се изнесува фактот дека 40 отсто од жените секојдневно користат пудра за тело за лична хигиена.
Меѓутоа, научниците предупредуваат дека честичките од пудрата можат да се движат низ женското тело и да предизвикаат воспаление, што овозможува напредување на канцерогените клетки.
И неколку претходни истражување ја нашле врската меѓу пудрата во прав и туморот. Некои ја откриле врската со ракот на јајници и матката, а некои дале убедливи докази.

babytalcum-300x199Во најновата студија лекари од гинеколошката болница во Бостон користеле податоци од осум одделни истражувања и се обиделе да дојдат до дефинитивен одговор.
Истражувачите ги анализирале податоците на 8.525 жени со дијагноза рак на јајници, кои користеле пудра за тело на гениталиите, во споредба со 9.800 жени кои не заболеле од рак.
Резултатите покажале дека редовната употреба на честичките од правот по капењето или туширањето го зголемува ризикот од тумор на јајниците за 24 отсто.

Пудрата за тело се изработува од мек минерал на магнезиумот, познат како хидро силикат, кој може да се најде во целиот свет. Тој се ситни, суши и меле за производство на прав, кој се користи во козметичките препарати за луѓето. Ситните честици можат да се движат преку гениталиите и да стигнат длабоко во матката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top