Home / алтернативна медицина / Проверете дали сте бремени со методот на старите Египќани. Проверено е точен!

Проверете дали сте бремени со методот на старите Египќани. Проверено е точен!

Иако звучи потполно неверојатно, старите Египќани пред неколку илјади години имале домашен тест за бременост и тоа зачудувачки прецизен. Ова значи дека овие луѓе не само што имале природен лек за речиси секоја болест, туку и дека со помош на мешање на различни лековити билки и зачини, меѓудругото тие пронашле и начин како да се направи домашен тест за бременост.

egipjani-test-za-bremenost-01Техниката е сосема едноставна. Потребно е во еден сад да се промешаат зрна од пченица и јачмен, а потоа жената која сака да се тестира треба да уринира во тој сад, потоа да го покрие со крпа и да почека до утрешниот ден за да ги види резултатите.

Ако следниот ден зрната изртат тоа значи дека жената е бремена, но ако не се случи такво нешто, тогаш таа сепак не е бремена. Дури и имало теорија и дека во зависност од тоа кои зрна повеќе изртеле, дека може да се утврди и полот на детето.

Истражувачите уште во 60-тите години на минатиот век потврдиле дека овој тест е точен во 70 отсто од случаевите, што апсолутно не е многу помалку прецизно од модерните тестови за бременост. Што се однесува до полот на детето, научниците засега не пронашле никаква поврзаност.

Древниот тест за бременост работи на истиот принцип како и модерниот, односно се утврдуваат хемиските промени кои се присутни само кај жените кои се бремени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top