Home / сведоштва / Проверено: Постот е најдобра диета – чува од рак и ги топи килограмите

Проверено: Постот е најдобра диета – чува од рак и ги топи килограмите

Ако постите пет дена месечно значајно ќе го намалите ризикот за добивање срцеви болести, дијабетес и рак, тврди најновото истражување.

post leb solИстражувачите од УКЛА Институтот за долговечност побараа од луѓето да го ограничат внесот на калории во текот на една работна недела месечно во траење од 3 месеци.

Оваа диета, осмислена е да ги имитира резултатите од пост само на вода, им дозволи на луѓето да конзумираа меѓу 750 и 1.100 калории дневно.

До крајот на тестот, лицата кои биле на оваа „диета која имитира пост“ имале понизок крвен притисок, постабилно ниво на ѓеќер во организмот и подобро ниво на холестерол отколку оние кои не биле на диета, а изгубиле и 3 килограми во текот на петдневниот период.

-Резултатите на нашето истражување покажаа дека луѓето може да почуствуваат бројни позитивни здравствени ефекти со помош на периодичниот пост или диетата која го имитира, тврди д-р Валтер Лонго од овој институт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top