Home / нови лекови / Пронајден лек против Хепатит Ц

Пронајден лек против Хепатит Ц

Хепатититот Ц наскоро целосно ќе се лекува. Нов коктел на антивирусни лекови против ова катастрофална заразна болест на црниот дроб се покажа успешен кај повеќе од 90 проценти од пациентите.

liver-protection-300x235За сите кои страдаат од Хепатитис Ц, па дури и оние луѓе кои страдаат од цироза, конечно дојде нова надеж. Наместо години и години инјекции и болни терапии, проследени со гадење, постојан замор и депресија, денес овие болести можат да се излечат со коктел терапија од лекови за неколку месеци.

Станува збор за комбинација на антивирусни лекови во форма на таблети, кои специјално се прават според тежината на пациентот. Се состојат од агенсите АБT-450/ритонавир, омбитасвир, дасабувир и рибавирин.

Истражувачите од Центарот за здравствено истражување во Тексас ја испитале ова комбинирана терапија на 380 пациенти од 78 болници во Шпанија, Германија, Англија и САД. Кај повеќето од нив болеста напредувала до фаза на цироза на црниот дроб.

По 12 недели, од 208 пациенти со хепатитис Ц, 191 го немале вирусот во својот организам. Во една друга студија во која учествувале 172 пациенти, после 24 недели, дури 165, или 96 отсто, биле излекувани!

-Тоа е фантастично! Толку сум возбуден за сите пациенти. Конечно се појави нова надеж за нивната иднина – изјавил главниот истражувач д-р Фред Пурдед.

Новата комбинација на лекови делуваат на протеинот од кои е изграден вирусот хепатитис Ц, а со тоа го спречуваат понатамошното ширење и размножување. Цирозата на црниот дроб се запира, а процесот на откажување на црниот дроб станува многу побавен.

– Во најмала рака, вирусот едноставно исчезнува – објаснува Пурдед.

Иако се уште не се утврдени потенцијалните долгорочни несакани ефекти, се очекува дека комбинираниот лек до крајот на годината би можел да почне да се користи во болниците во светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top