Home / нови лекови / Пронајден e лек за чирот и Helicobacter pylori

Пронајден e лек за чирот и Helicobacter pylori

Една голтка морска вода може да ги ублажи проблемите во желудникот и да го намали ризикот од рак на желудник и чир. Но, не станува збор за обична морска вода туку за онаа собрана од длабочина од 200 метри.

Морската вода собрана на длабочина од 200 метри може да го намали ризикот од рак и чир на желудник.

gastric-stomach-ulcers-345200Научници им дале на пациенти да пијат морска вода од големи длабочини надевајќи се дека така ќе ја убијат бактеријата Helicobacter pylori. Четири од 10 луѓе се заразуваат со оваа бактерија во некој период од животот, најчесто во детството, а таа е главен причинител за чирови на желудникот. Иако живеат во утробата на многу луѓе без да предизвикаат штета, сепак ќе предизвикаат чир кај 15 % од заразените.

Се смета дека кај некои луѓе бактеријата ја оштетува слузокожата на желудникот па киселините го иритираат ткивото. Оштетувањето на слузокожата може да предизвика проблеми во варењето, чирови, а може да го зголеми и ризикот од рак на желудник.

На заболените вообичаено им се препишуваат антибиотици или лекови за намалување на произведување на желудочна киселина. Меѓутоа, поради тоа може да се појават нус појави как главоболка, дијареа, вртоглавица и мачнини. Зошто токму водата од длабоко море е токсична за Helicobacter pylori не се знае. Се смета дека содржи високо ниво на минерали како што се калциум, калиум и магнезиум, кои ги ослабуваат надворешните келии на бактериите. Поради тоа во универзитетската болница во Тајван започнале поголема студија со 60 пациенти. На половина од нив четири пати дневно ќе им се дава 200мл вода собрана од длабоко море, а на останатите ќе им се дава обична вода.

Доктор Џон Мејсон од универзитетската болница од Манчестер рекол: „Ова е фасцинантно истражување. Но, не знаеме дали бројот на бактерии повторно ќе се зголеми кога луѓето ќе престанат да ја пијат водата. Во оваа фаза ние едноставно не знаеме што ќе биде“.

365.ком.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top