Free songs
Home / Болести и лечење / Природно против рак – Со оваа метода се излечиле над 40.000 болни од рак?

Природно против рак – Со оваа метода се излечиле над 40.000 болни од рак?

Рудолф Бројс е натуропат кој развил метода против рак- терапевтско гладување позната како „Тотална терапија”. Тој е автор на книгата „Рак, леукемија и други навидум неизлечиви болести“. Во книгата наведува дека со неговиот метод до 1980 година излечил повеќе од 40.000 болни од рак и други сериозни болести.

rudolf_brojs_l

Со глад против рак

wirbelsaeuleЗа Бројс, ракот е самостојна творба внатре во телото, на која за раст и развој и се потребни протеини кои се наоѓаат во цврстата храна, и, согласно со тоа, може да се уништи со глад и внесување на сокови од органски одгледуван зеленчук. Бидејќи тие не содржат протеини, телото ќе почне да ги црпе од туморот, што на крајот ќе доведе до негово разградување.

Поради оваа причина, во текот на диетата не треба да се зема никаква цврста храна која содржи протеини. Терапијата, скратување на храната за туморските клетки потребно е да се изврши 42 дена, или 6 недели. За тоа време, од телото ќе се излачат сите нездрави материи кои сме ги внеле со храната, пијалоците или со вдишување .

Во втората половина на постот ќе почне разградување на нездравите клетки, а по 6 недели целиот организам ќе биде целосно обновен. За третманот  Бројс користи сок од коренест зеленчук. Терапијата која ја препорачува се состои од пиење 3-5 дл сок од цвекло, морков, целер, ротквици и компири.

Покрај тоа, во зависност од заболените органи и ткива, се зема 2 литри мешавина од чаеви на ден и во 2 дл бистра супа од кромид. За време на терапијата од исхраната треба да се исфрли шеќерот, белото брашно, сувомесните производи и конзервираната храна.

Од што зависи успехот на терапија?

32Сокови треба да бидат подготвени од намирници од строго контролирано органско одгледување. Имено , со употреба на зеленчук контаминиран со ѓубрива и пестициди, ќе постигнеме сосема спротивен ефект – наместо чистење на организмот и исцелување, ќе придонесеме за негово загадување и понатамошен развој на болеста.

Во текот на гладувањето треба да се води сметка за уредно варење на храната и по потребна да се прави клизма, за растворените материи да не останат во телото и да предизвикаат труење. Покрај горенаведеното, се препорачува и свеж воздух, вежбање и масажа.

Важно е да се има на ум дека процесот на лекување вклучува и негување на позитивен став, и лишување од стресот и нездрави навики кои значително придонесуваат за развој на болеста. Сепак, со оглед дека за време на терапијата се губат и до 15 килограми не се препорачува за деца, бремени жени, лица со премногу ниска телесна тежина, и на лица кои се во краен стадиум на малигното заболувања.

Оваа метода на Бројс не е непозната и кај нас. Но, нашите лекари се строго против тоа заболените од рак да ја применуваат.

Комплетната книга за лекувањето на Бројс на следниот – ЛИНК 

wirbelsaeule

Share Button

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top