Home / Болести и лечење / Природни лекови за ГАСТРИТ

Природни лекови за ГАСТРИТ

Кокос: 
Водата од кокос е одличен лек против гастритис. Му ги овозможува на желудникот неопходните минерали и витамини. Желудникот со овој лек се навраќа кон својата нормална функција и за време на оваа диета која трае 24 часа не се конзумира ништо освен кокосова вода.

gastric-stomach-ulcers-345200Ориз: 
Кашата од ориз е уште еден одличен лек за акутен гастритис. Една шолја каша од ориз се препорачува двапати наден. Кај некои хронични случаи каде има доток на желудникова киселина, ваквата храна е неопходно да се конзумира подолг временски период затоа што е полезна бидејќи индуцира поголем доток на желудников сок.

Компир:
Сокот од компир е корисен лек за олеснување на гастритис. Се препорачува во доза од половина шолја сок, два до трипати на ден, половина час пред оброци.

Tреба да се применува диета во период од два до три дена, да се пие само топла вода овој период за да се одмори  желудникот и да се отстранува токсичната состојба која предизвикува воспалување. Откако ќе се смират болките се почнува со овошна диета во наредните три дена –  да се зема исклучително сокови од овошје, како на пример сок од јаболко, круша, грозје, грејпфрут, ананас и лубеница. Потоа смее постепено семеста храна, ореви, лешници, бадеми, житарки, зеленчук и овошје.

Одбегнувајте алкохол, тутун, зачини, месо, цревен пипер, закиселена храна, кисели краставички, јак чај и кафе, слатки работи, колачи, торти и газирана минерална вода. Младо бело сирење и потсирено млеко смее да се конзумира.

Оброците треба да се земаат барем два часа пред спиење. Осум до десет чаши со вода треба да се земаат секој ден со оброците затоа што ги разредува дигестивните сокови и ја подобрува дигестијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top