Home / природен лек / Природни лекови против болка

Природни лекови против болка

ПМС
БОБИНКИ НА ЗДРАВЈЕТО (CHASTABERRY)

uvo bolkaПлодот на ова високо стебло, со сино-лила боја, го зголемува производството на допамин кој помага при регулација на пролактинот. Зголеменото ниво на пролактин може да доведе до раздразливост, напад на болка и осетливост на градите. Две германски студии ја потврдија делотворноста на овие бобинки. Препорачаната дневна доза е 250 до 500 милиграми низ период од три месеци.

Симптомите на ПМС ќе ги намалите и со витамин Е и Б6. Маслата изобилуваат со витамин Е, особено сончогледовото, но и семките, бадемите, кикиритките и јајцата. Витаминот Е ја намалува отеченоста во градите, а Б6 го спречува задржувањето вода и ја подобрува циркулацијата на крвта.

СТОМАЧНА БОЛКА
НАНЕ
Нането е еден од најстарите лекови против стомачна болка, но и при проблеми со подуеноста бидејќи ги опушта мускулите во дигестивниот систем, што ги намалува грчевите и ослободува од гасови. Некои истражувања покажале дека нането е ефикасно подеднакво како и некои лекови што се користат при грчеви и проблеми со мекиот измет. Единствена негативна страна на нането е што не треба да го земате при опстипација (запек), бидејќи тогаш може да ја влоши состојбата.

ЗА ДОБАР СОН
ВАЛЕРИЈАНА
Оваа билка има благо смирувачко дејство, а добро влијае на сонот. Многубројни истражувања покажале дека оваа билка го враќа нормалниот сон без никакви негативни последици. Освен тоа, не создава зависност. Се земаат околу 400 и 600 мг, 45 минути пред спиење. Важно е да запомните дека не смее да се меша со седативи, кои ги опуштаат мускулите или со антихистаминици.

ПРОТИВ МАЧНИНА
ЃУМБИР
Експертите претпоставуваат дека ѓумбирот ги блокира сигналите во мозокот што поттикнуваат повраќање и празнење на содржината на желудникот и така ве ослободува од мачнина. Некои истражувања дури покажале дека ѓумбирот дава одлични резултати при утринската мачнина во бременост. Кај ѓумбирот нема зашеметеност што може да се јави при користење некои лекови.

ПРОТИВ БОЛКА
БРОМЕЛИН
Се наоѓа во ананасот, а ефикасно ја намалува болката. Научниците сметаат дека бромелинот ги разградува протеините во крвта и на тој начин ги намалува воспаленијата што предизвикуваат болка. За разлика од лекарствата што како контраиндикација може да имаат стомачна болка и срцеви проблеми, бромелинот целосно е сигурен и не остава никакви последици. Бромелинот ги штити зглобовите од слободните радикали и го намалува воспалението, отеченостите и лузните.

ПРОТИВ ВОСПАЛЕНИЕ
Boswellia
Ова растение долго време се употребува во ајурведската медицина и се смета дека во намалување на воспалителните процеси е поделотворен од ибупрофенот. Киселината од оваа билка ги блокира ензимите што ги произведуваат воспалителните хемикалии. Лекот се користи при ублажување на болките при остеоартритис, кој се јавува кај луѓе постари од 40 години. Се применува и при астма. Препорачната дневна доза е од 450 до 1.200 милиграми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top