Асс. м-р Драган Јованов (1986) дипломирал и магистрирал на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, а моментално е во фаза на завршување на докторски труд за лековитите растенија, на Факултетот за менаџмент на еколошки ресурси, модул храна и безбедност на храна при Мит Универзитет – Скопје.
Објавил повеќе од десет меѓународни труда и е автор на многу статии во странски списанија и портали, потоа автор е на осум книги од областа на лековитите растенија, зачински, ароматични, атлас на лековити растенија во Република Македонија, лековити билни рецепти, нутриционизам и исхрана за спортисти. Учествувал на многу семинари, настани, меѓународни конференции, агрономијади и спортски активности и е добитник на многу дипломи и сертификати.
Рецепти
За заштита од настинки
Потребни се: камилица, жалфија, мајчина душичка и лист од бреза. Од нив, по малку се става во 200 мл врела вода. Така поклопен садот стои 30 минути. Потоа чајот се процедува и се пие по една чаша трипати на ден. Ова е дневна доза, а се прави во период од 10 до 15 дена.
За простата
Се мешаат 150 г нарендан рен, половина килограм рендан морков, половина килограм мед и половина килограм жолт шеќер и од оваа мешавина се зема 3 пати на ден.
Превентивна терапиЈа против пушаЧи
Чај од невен и бозел се става во сад со 1 л врела вода да стои еден час поклопен со капак. Се процедува и се додаваат две супени лажици мед. Се пие во мали голтки во текот на денот (6-8 пати на ден).
Сируп за синуси
Сомелете ситно исечкан рен 50 г, 20 г корен од ѓумбир, 20 г цикорија и една лажичка цимет. Добиената смеса ставете ја во стаклена тегла и добро затворете ја, држете ја на топло место и мешајте ја секојдневно во наредните 10 дена. Секое утро се зема по една лажица, 30 минути пред појадок.
Облоги за синуси
Изрендајте рен и ставете го во шише од 0,5 л, потоа наполнете го со вински оцет до врв, затворете и чувајте на топло место 10 дена и повремено мешајте. Потоа отворете го шишето и секојдневно вдишувајте по 5 минути на секој час. На полноќ пред спиење во постелата ставете малку од смесата, или држете го шишето блиску до вас. Лете без перница. Оваа терапија трае 5 дена.
Природно лекување синуси
Најдобро е кога има сонце и кога сте на море. Доколку немате можност да одите на море, можете да си растворите во дестилирана вода нерафинирана морска сол и потоа како капки ставајте ги во носот неколку пати на ден.
Воспаление на слепо црево
Најпознат природен лек за смирување на слепото црево е чајот од листот од капината. Се пие дневно по 2 чаши (1 лажичка на 200 мл врела вода).
Против каснување од пЧели
Веднаш штом детето или возрасно лице го каснала пчела или оса, расечете главичка кромид и тријте 2-4 минути на каснатото место.
Против грЧеви во стомакот каЈ бебиња
Кантарионовото масло е проверено средство кај стомачни болки кај малите деца. Со кантарионовото масло се масира стомачето.
За бубрези
Пет литри вода и 1 кг лушпи од дуња се варат се’ додека течноста не дојде до 3 литри. Кога водата ќе се замлачи, се процедува и се става во шише. Ова се пие три пати на ден по еден децилитар. Терапијата трае додека не се излечи пациентот.
Циста во бубрег
На три литри ладна вода се додаваат 3 китки магдонос, 3 раце исечкано семе од сончоглед и 3 гранки босилек. Смесата треба да отстои 2 часа, а понатаму се пие 3 пати на ден по една чаша. Терапијата трае три месеци.
Утрински