Нова студија покажала дека сокот од горчлива диња, познато овошје во Азија и Африка значително го намалува растот на канцерогеното ткиво бидејќи го нарушува метаболизмот на гликоза во клетките од ракот, со што буквално ги изгладнува неговите клетки без шеќерот кој е основното гориво без кое не можат да преживеат.
Иако растението е познато по својата лековитост, повеќето здравствени бенефити (антивирусно дејство, антиоксидант, лек против дијабетес, антикарценогено својство), дури неодамна стана актуелни во западната медицина. Оваа билка под латински назив Momordica charantia е посебно позната во Јапонија, поточно во Окинава, каде жителите се познати по својата долговечност.
Во последниве четири години интензивно се истражува ефектот на ова растение врз ракот. Ефектот се забележува кај рак на дојка, простата, дебело црево, црн дроб, желудник, леукемија и др. Најновата студија покажала дека сокот од горчлива диња дејствува цитоксично и на карциномот на панкреасот.
Сокот предизвикува програмирана клеточна смрт на канцерогените клетки (апоптоза) и што е уште поважно активира АМРК што е знак дека го онеспособува метаболизмот внатре во канцерогената клетка која потоа станува неспособна да се исхранува што резултира со нејзина смрт.