Home / природен лек / Природен лек кој го намалува нивото на лош холестерол во крвта

Природен лек кој го намалува нивото на лош холестерол во крвта

Освен што го намалува нивото на лошите маснотии во телото, овој волшебен пијалок го чисти организмот од токсини и ја подобрува циркулацијата.

Магдоносoт во секојдневната подготовка на храна се додава како ситна дополна поради подобрување на вкусот, но всушност е одличен сојузник на вашето здравје.

Тој содржи две групи посебни состојки, многу важни за здравјето – природни етерични масла и флавониди.

Покрај тоа, е одличен извор на витамини Ц, А и К, па се препорачува да ја зголемите количината на магдонос која ја конзумирате за време на сезоната на грип и настинки.

Исто така, листот на магдоносот се покажа како извонредно средство во поттикнување на излачување на штетни материи од нашиот организам и подобрување на циркулациите.

Но, ако на волшебниот магдонос му додадеме и лимон, вода и малку сода бикарбона, ќе добиеме волшебен пијалок кој го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта.

Состојки:

1,5 литри вода, 3 магдоноси , 1 кг лимон, сода бикарбона

Подготовка:

Лимоновата кора добро истријте ја со сода бикарбона, како би ги отстраниле нечистотиите од кората. Најдобро е да употребувате органски лимон. Водата зовријте ја и оставете да се излади. Лимонот исецкајте го на парчиња, а магдоносот исецкајте го ситно и додајте во ладна вода. Поклопете и оставете да стои во фрижидер на еден ден. На крај се добро измиксирајте во блендер и ставете во стаклена тегла или флаша.

Секојдневно пијте по 100 мл и нема да верувате со која брзина ќе го намалите нивото на холестерол.

One comment

  1. Kolku e toa 3 manganosi ?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Scroll To Top