Честичките од загадениот воздух влегуваат во крвта на човекот и влијаат многу лошо, без оглед дали органски или неоргански, а детоксикација не доаѓа предвид. Ефектите се различни – оние честички што настануваат од согорување и се од органско потекло ги поврзуваат со канцерогени својства – 20-30 отсто од честичката е канцероген, а останатиот дел механички ги оштетува белите дробови. Тие се таложат и делумно ги затнуваат дишните патишта, со што создаваат основа за развој на белодробните заболувања. ситните честички поминуваат во крвта и го забавуваат протокот, па може да доведат до коагулација и до тромботични промени, кои се најопасни за срцето и за мозокот.
Дури и срцевите инфаркти и мозочните удари ги поврзуваат со изложеноста на овие честички, чија опасност за здравјето е опишана во многу научни студии во светот, направени во лабораториски услови.
Фармацевтите и некои од пулмолозите велат не е с` така црно со нашите бели дробови во услови на загаден воздух – некои од штетните честички може да бидат елиминирани од организмот преку црниот дроб, бубрезите. Важно е да се пијат доволно вода и чаеви – особено од лист од подбел, може и мајчина душица, риген, жалфија…
Внесувањето многу течности помага за детоксикација
Фармацевтите со став дека, ако дојде до внесување отрови во дишните патишта, без разлика дали се органски или неоргански, организмот се обидува да ги исфрли и да се детоксицира преку метаболистичките процеси.
Особено чајот – „хелабсин микс“, кој е мешавина од наши лековити растенија.
– Овој чај неверојатно ја стимулира функцијата на црниот дроб, со што се подобрува и елиминацијата на отровите. А за дишните патишта, важно е, посебно скопјани, да пијат чаеви од лист од подбел, може и од мајчина душица, риген, цвет од бозел и од невен, лист од тегавец, како и босилек. Kога треба да се искашла слузта, може да се пие и чај од јаглика, лист од лопен, кој го подобрува искашлувањето, а може и липа и жалфија, кои го намалуваат воспалението и го олеснуваат дишењето
Поради нарушениот квалитет на амбиентниот воздух и надминување на граничните вредности за партикуларните честички помали од 10 микрометри (РМ10), што е резултат на загадувањето на воздухот, но пред се на стабилната временска состојба карактеристична за Скопската котлина во зимски услови, која не дозволува дистрибуција на загадувачките материи, Градот Скопје ги дава следните мерки од прв степен-пердупредувања и препораки за граѓанитe:
-Се повикуваат граѓаните да го сведат своето движење на отворен простор само на неопходни излегувања;
-Се препорачува на одделни категории на населението (малите деца, бремените жени, хроничните болни, постарите луѓе) да не излегуваат на отворено;
-Се препорачува на граѓаните да не ги проветруваат просториите во кои престојуваат;
-Се препорачува да не се користат уреди за затоплување на просториите и за готвење на фосилни горива, особено ако сопствениците и корисниците се свесни дека немаат обезбедено ефикасно одведување на чадот;
-Се предупредуваат граѓаните и правните лица да ги одложат сите активности со корозивни хемикалии, лепаци, бои, лакови, пестициди и сл. со кои се загадува воздухот во просториите;
-Се апелира до сите граѓани да не ги користат своите автомобили без поголема потреба и да ги користат средствата за јавен превоз;
-Се повикуваат граѓаните при затоплување на своите домови, да не користат недефинирани горива и отпадни материи од различни технолошки процеси (отпадно масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, пластична амбалажа, гума или синтетички материјали);
-Се повикуваат возачите на тешките товарни возила да ја почитуваат сообраќајната сигнализација за движење низ градот;
-Се повикуваат сопствениците и корисниците на камионите да не ги користат ако немаат регулирано испуштање на отпадните гасови;
-Се повикуваат раководителите на градилиштата пред пуштање на камионите надвор од градилиштето задолжително да организираат миење на гумите заради отстранување на калта и прашината, а при превоз на материјалот од градежен ископ истиот да биде затворен со церада;
-Се апелира до стопанствениците своите технолошки процеси да ги вршат со крајна претпазливост и да избегнуваат се што не е нужно, а може да влијае на квалитетот на воздухот во градот, како и да соработуваат со зајакнатиот инспекциски надзор од Инспекторатот на Град Скопје.
Поаѓајќи од изнесеното, Град Скопје ги повикува граѓаните да се придржуваат до дадените мерки со што ќе дадат личен придонес за подобар квалитет на воздухот во градот, што е заедничка потреба и цел кон која сите заедно треба да се стремиме.
Градот Скопје продолжува во континуитет со своите редовни активности во насока на намалување на загадувањето на воздухот, а за секоја настаната промена на состојбата редовно ќе ја известува јавноста, се вели во соопштението.